Партијата на Вучиќ има предност од 45.000 гласови во Белград
Српскиот Центар за истражување, транспарентност и одговорност – ЦРТА, граѓанска организација која имаше набљудувачка мисија на изборите, излезе со проекција на резултатите од изборите во Белград.
Според таа проекција, листата на Александар Вучиќ и Српската народна партија „Србија не смее да запре“ има околу 370.000 гласови, а опозициската листа „Србија против насилство“ околу 325.000, така што разликата е околу 45.000 гласови.
На прес-конференцијата на претставниците на ЦРТА беше речено и дека претходното владејачко мнозинство околу СНП (на чело со градоначалникот Александар Шапиќ) повеќе не постои. Затоа што СНП и социјалистите од СПС веќе немаат мнозинство во градското собрание.

Од Центарот наведоа и дека резултатите поради миграцијата на гласачите во Белград и другите нерегуларности не ја отсликуваат изборната волја на граѓаните, со што ЦРТА практично ја поддржа коалицијата „Србија против насилството“ која не ги признава резултатите и најави протест на 18 декември во 18 часот.
ЦРТА објави и табела со резултатите од парламентарните избори, според која листата на Александар Вучиќ има мнозинство или 129 мандати од вкупно 250, додека опозициската листа „Србија против насилство“ значително го подобри резултатот од претходната Обединета коалиција од изборите во 2022. Сега опозицијата треба да има 65 мандати, додека во 2022 освои 38.