Истражување: Корупцијата го јаде здравствениот систем на Бугарија

Бугарите плаќаат најмногу во ЕУ за приватни здравствени услуги


 

Бугарската држава троши најнизок процент од својот бруто домашен производ за здравствена заштита меѓу земјите на ЕУ, што доведува до огромни приватни партиципации за лекување на бугарските граѓани и конфликти во здравствениот систем, според истражувањето на „Еурактив“.

Според податоците на Бугарското здружение за заштита на пациентите, земјите од ЕУ трошат во просек 9% од БДП за здравствена заштита. Блиску до ова ниво на трошоци за здравство е Бугарија, но половина од овие пари ги плаќаат граѓаните.

Многу Бугари се жалат и на корупција во здравствениот систем.

Повеќе од 60% од Бугарите не веруваат дека е возможно да се добијат добри здравствени услуги и лекување без плаќање, а уште 45% се убедени дека тоа е можно само ако некое лице има врски во медицинските кругови.

Ова се дел од резултатите од големото репрезентативно истражување на јавното мислење за здравствениот систем на Бугарија, спроведено од Националниот центар за парламентарни истражувања и објавено на почетокот на ноември 2023 година.

Министерството за здравство за „Еурактив“ изјави дека работи на намалување на распространетата практика на приватна партиципација за лекување што пациентите веќе го платиле преку нивните здравствени придонеси.

Здравствените експерти под услов да останат анонимни коментираат дека има извештаи дека понекогаш е потребна дополнителна исплата за лекување што надминува 60% од вредноста на услугата.

Бугарскиот здравствен систем работи на солидарна основа, а здравствените придонеси се 8 отсто од платата.

Во приватните болници, пациентите честопати плаќаат големи такси за административни услуги за прегледи кои инаку ги плаќа Националниот фонд за здравствено осигурување, на пример. Поголемите партиципации се прават кога поради некоја причина болниците и матичните лекари субвенционирани од државата не можат да си ги исполнат обврските, па пациентите се туркаат на приватни прегледи и партиципација за операции и лекови.

Министерството за здравство и Бугарскиот лекарски синдикат се во конфликт околу буџетот за здравство. Медицинската индустрија е несреќна затоа што Бугарија троши значително помалку од другите земји на ЕУ за здравство.

Министерот за здравство Христо Хинков рече дека парите за здравство се зголемуваат, а во буџетот за следната година ќе бидат доделени 4,9 милијарди евра или 600 милиони евра повеќе.

Тој посочи дека здравствениот придонес во Бугарија е најмал во Европската унија, дека има паралелен болничкиот систем и пациентите плаќаат речиси 50 отсто од трошоците за лекување.

Политикологот Парван Симеонов неодамна ја презентираше студијата на „Галуп“за проблемите со финансирањето на здравството, која покажува дека Бугарија има проблематична здравствена состојба поради ниската ефикасност на трошоците за здравствена заштита. Поради ова, граѓаните имаат негативен однос кон системот.

„Вкупно 37 отсто од луѓето кои плаќаат здравствени придонеси во Бугарија мислат дека тие [придонесите] се премногу високи. Други 42,5 отсто сметаат дека се нормални, а 3,8 отсто сметаат дека се ниски, што е индиректен показател за недовербата во моделот на финансирање кај нас“, коментира Симеонов.

Според д-р Цветан Диманов од Националната асоцијација на приватни болници, здравственото финансирање е недоволно и неправедно, бидејќи јавниот здравствен придонес во Бугарија е најмал во ЕУ. „Во Германија придонесот во здравството е 14%, а не 8% како во Бугарија. Нема земја во светот со подостапна здравствена заштита од Бугарија, но мнозинството Бугари веруваат дека здравството треба да биде бесплатно“, коментира тој.

Доплатите за лекување стануваат сè посериозен проблем.

Додека цените на медицинските услуги се пониски од просекот за ЕУ, Бугарите исто така имаат многу помал приход од граѓаните во другите земји во блокот. Најевтиниот преглед кај лекар веќе чини 40 евра или повеќе, а може да достигне и 350 евра за консултација со реномиран специјалист

Просечната плата во Бугарија пред оданочување е 1.000 евра.