Србија обвини маж за шпионажа во корист на Бугарија


Во српскиот град Босилеград е уапсено лице поради сомнение дека сторил кривично дело шпионажа, соопшти Вишото јавно обвинителство Врање.

„Тој е обвинет за соопштување тајни воени информации на членови на странска организација на Република Бугарија, што може да предизвика штетни последици за безбедноста, одбраната и воените интереси на земјата“, соопшти Обвинителството.

Осомничениот Љ.Г. (61) е од Босилеград и е уапсен по континуираната работа на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА), полицијата и обвинителството во Врање.

Се наведува дека уапсениот со кривична пријава е изведен кај надлежниот обвинител во Врање.