НАТО распореди уште 1.000 војници на Косово


КФОР тројно ги зголеми силите во северно Косово по нападот во Бањска, соопшти оваа мисија.

Бројот на патроли, како што наведоа, е тројно зголемен, вклучително и на граничната линија со Србија.

„По настаните од 24 септември, НАТО распореди речиси 1.000 дополнителни војници како дел од КФОР“, соопшти КФОР, пренесува „Косев“.

КФОР вели дека ова се претпазливи чекори за да се осигура дека тие можат да продолжат да го исполнуваат својот мандат според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година за да се обезбеди безбедна средина за сите луѓе во секое време и на непристрасен начин.

Мисијата на НАТО на Косово посочува дека ситуацијата на север сега е помирна, но сепак кревка.