Турција го предупреди Израел да не убива членови на Хамас на нејзина територија


Анкара – Турските разузнавачки претставници ги предупредија Израелците дека ќе се соочат со „сериозни последици“ доколку се обидат да убијат членови на палестинскиот Хамас на турска територија, објави турската државна новинска агенција.

Предупредувањето дојде откако Ронен Бар, шеф на израелската безбедносна служба Шин Бет, рече дека организацијата е подготвена да го уништи Хамас „каде и да е“, без разлика дали во Либан, Турција или Катар.

Агенцијата, повикувајќи се на неименувани турски официјални лица, наведува дека е неопходно да се предупредат израелските власти дека нивните постапки „ќе имаат сериозни последици“.