Мелони во Белград пречекана со унгарски знамиња?


Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска е во посета на Белград. На аеродромот претседателот на Србија Александар Вучиќ ја пречека со букет цвеќе, а во знак на добредојде беа поставени знамиња. Но, наместо италијански беа поставени унгарски.

Знамињата, како што секогаш се прави при пристигнувањето на странските претставници, беа поставени покрај автопатот и главните улици во градот, како и пред Палатата Србија, каде се одржа средбата меѓу италијанската премиерка и претседателот на Србија, јавува Нова.рс.

Пред Палатата знамињата беа правилно поставени, но проблем настана покрај автопатот. Некој од организацијата очигледно згрешил.

Имено, комбинацијата на боите на италијанското и унгарското знаме е иста, но унгарските пруги се поставени хоризонтално, а италијанските вертикално.