Најстариот неделник во регионот НИН со комплетна промена на редакцијата


Досегашниот главен уредник на српскиот неделник НИН, Милан Ќулибрк се повлече од оваа функција во најстариот политички неделник во регионот, додека членовите на колегиумот и редакцијата на НИН дадоа оставка на новата сопственичка на медиумот Јелена Дракулиќ, пишува српскиот весник Данас. Редакцискиот колегиум во оставка на НИН преку соопштение за јавност вели дека новата сопственичка најавила […]

Фајон: Мешањето на Москва во процесите во Србија е многу загрижувачко, Русија нема да застане на Украина


 Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон изјави дека мешањето на Москва во внатрешните процеси на некои земји од Западен Балкан, како Србија, е многу загрижувачко, бидејќи постојат стравувања дека Русија нема да запре на војната против Украина. Во интервју за Си-Ен-Ен, Фајон рече дека „има сериозни стравувања дека Русија не може да запре […]

Вучиќ: Сите се вооружуваат до заби и ние не смееме да заостануваме


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека сите во светот и во регионот „се вооружуваат до заби“ и дека Србија не смее да заостанува во овој поглед. „Сите се вооружуваат до заби. Се вооружуваат и во регионот и наше е да не заостанеме. Сè што можам да ви кажам е дека не заостануваме“, рече Вучиќ […]

Секој трет турски новинар е невработен, а 95 отсто од медиумите контролирани од власта


Секој трет турски новинар е невработен, а 95 отсто од медиумите во земјата се под контрола на владата, се вели во соопштението на Здружението на новинари на Турција (ТГЦ), објавено по повод денешното одбележување на Денот на работните новинари во Турција. „Поминаа 63 години откако на 10 јануари 1961 година беше донесен Законот 212, со […]

Путин му даде руско државјанство на босански Србин воен злосторник


  Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела потпиша указ за доделување руско државјанство на поранешен војник на босанските Срби обвинет за воени злосторства во 1990-тите. Ратко Самац, поранешен офицер во Југословенската народна армија, се бара во Босна и Херцеговина под обвинение за воени злосторства поврзани со протерувањето на несрпските цивили од босанскиот град Клуч во […]

Курти: Србија продолжува да ги следи методите на рускиот претседател Путин


 Косовскиот премиер Албин Курти денеска ја обвини Србија дека и натаму го следи патот на користење на методите на рускиот претседател Владимир Путин со акциите од почетокот на новата година, вклучително и апсење на косовски граѓани и тепање српски политичари кои мислат поинаку. Тој на седницата на Владата на Косово рече дека годината почнала со […]

За четири години Косово го напуштиле 156.000 жители


Косовското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека за четири години, од 2018 до 2022 година, повеќе од 150.000 луѓе го напуштиле Косово. „За периодот од 2018 до 2022 година, се проценува дека Косово го напуштиле 156.080 жители или речиси 8,85 отсто од населението на земјата“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесе Бета. Во […]

По скандалот со лажните потврди за „бугарско потекло” издавани во Голо Брдо, се бара истрага за градоначалничката на Булќиза


По откривањето на скандалот со издавањето лажни потврди за „бугарско потекло” во село Острени, област Голо Брдо, населено со Македонци, се бара административна истрага за градоначалничката на општина Булќиза, каде територијално потпаѓа оваа и административната единица Требиште. Според тиранската „Топ чанел“, пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи побарала од Високиот инспекторат за пријавување имот и […]

Во Албанија прв смртен случај од грип, епидемиолошката состојба се влошува


Тирана – Епидемиолошката состојба во Албанија почна да се влошува, бидејќи циркулираат грип, Ковид-19 и многу вируси, објави Топ чанел. Според истиот извор забележан е првиот случај на загуба на живот како последица на грип. Станува збор за повозрасен маж од јужниот град Ѓирокастро. -Седумдесетгодишниот маж се јавил во болницата во Ѓирокастро со симптоми на […]

Српските доброволци во руската војска навредувани, тепани и праќани во борба без муниција (ВИДЕО)


Дејан Бериќ, кој регрутира Срби во руската армија, сними видео порака во која зборува за злоупотребата на своите сонародници. Според Бериќ, командата ги праќа Србите да напаѓаат без муниција, ги тепа и им се заканува со убиство.Бериќ рече дека неговите сонародници потпишале договор со руското Министерство за одбрана во воена единица во Московската област и […]

Американски воени авиони ја прелетаа Бања Лука за време на прославата на Додик


Додека во Бања Лука течеше свечената академија по повод 9 јануари, Денот на Република Српска, американски воени авиони ја прелетаа Бања Лука. Два ловци Ф-16 на американското воено воздухопловство денеска прелетаа над Брчко и Тузла како дел од обуката за контрола на напад на вооружените сили на Босна и Херцеговина и на американското воено воздухопловство. […]

Рама формира ново министерство, за прв човек го предлага Бледи Гонџја, од владата заминува Маргарити


Албанскиот премиер Еди Рама објави дека се формира ново министерство за економија, култура и иновации, а се укинува Министерството за култура. За прв човек на новото министерство го предлага Бледи Гонџја, кој моментно е на чело на Генералната дирекција за услуги во патниот транспорт. Во исто време ја разрешува министерката за култура Елва Маргарити која […]

Семејството и двајцата водичи спасени од пештерата во Словенија


Спасени се петте лица кои од саботата попладне беа заробени во словенечката пештера. Медицинскиот персонал ја проверува нивната здравствена состојба. Извлекувањето на заглавените во пештерата го извршиле припадници на Службата за спасување во пештерите и единицата за техничко нуркање како дел од Единицата за брза интервенција, јавува 24ur.com. Словенечкиот премиер им оддаде почит на спасувачите […]

Софија, Букурешт и Анкара ќе потпишат Меморандум за деминирање на Црното Море


 Бугарија, Романија и Турција в четврток во Истанбул ќе потпишат Меморандум за разбирање меѓу трите влади за формирање Поморска група за расчистување на мини од Црното Море и за обезбедување на безбедност на морските патишта.  Според најавите, по ова ќе следи процес на оперативно планирање на целата акција за да се изработат детални документи и […]

Почнува евакуацијата на луѓето кои од саботата се заробени во пештера во Словенија ФОТО


Нивото на водата во словенечката Крижна јама, каде од саботата се заробени пет лица, паѓа, па денеска ќе се направи обид за спасување на затрупаните. Командантот на словенечката цивилна заштита Сречко Шестан денеска за агенцијата СТА најави дека околу 14 часот ќе започне евакуацијата на пет лица кои од саботата попладне се заробени во Крижна […]

Учениците во Грција се враќаат во училиште со превентивни мерки за заштита од Ковид-19


Атина – По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните празници, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, но со препораки и упатства од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) поради зголемениот број заразени со Ковид-19 и грип во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот на […]

Тричлено семејство и двајца водичи и натаму се заробени во пештера во Словенија: „Нема евакуација до утре“


Пет лица се заробени во пештера во југозападна Словенија од вчера попладне, откако обилните дождови го подигнаа нивото на водата, а спасувачите не можеа безбедно да ги извлечат, јавија денеска локалните медиуми. Тричлено семејство (мајка, татко и ќерка) и двајца туристички водичи се засолниле на безбедно место во Крижна јама долга 8,2 километри, до која […]

Голема спасувачка акција во Словенија: Пет лица заробени во пештера на 2.400 метри


Пет лица, двајца туристички водичи и тројца посетители останаа заробени во Крижна јама во областа Церкница во Словенија поради обилните врнежи во попладневните часови. Службата за заштита и спасување добила повик нешто по 17 часот. На местото на настанот се испратени повеќе спасувачки единици, а според управата интервенирале спасувачи на пештери и нуркачи од спелеолошките […]

Мицотакис и Блинкен ги потврдиле силните стратешки односи меѓу Грција и САД


 На стратешките билатерални односи, за кои истакнаа дека се на толку добро ниво како никогаш досега, се осврнаа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и американскиот државен секретар Антони Блинкен на нивната средба на Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и Блинкен се сретнаа синоќа во домот на грчкиот премиер во Ханиа на островот Крит, […]

Тензии на Бадник во Црна Гора: Полицијата мораше да реагира поради раскараните митрополити


Полицијата во Цетиње спречила конфликт меѓу приврзаниците на Црногорската православна црква. Брзата реакција на црногорската полиција при традиционалното палење на Бадник во Дворскиот плоштад во Цетиње во саботата спречила голем конфликт меѓу приврзаниците на Црногорската православна црква, откако на истото место се појавиле двајца митрополити на таа црква. Откако на плоштадот се појавија митрополитот на […]