Шпанија го призна косовскиот пасош, дали е време да ја признае независноста на Косово?


Вицепремиерот на Косово Бесник Беслими денеска соопшти дека Шпанија ги признала косовските пасоши, што значи дека во иднина жителите ќе патуваат без визи. Бислими рече дека Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи на Европската унија (DG Home) објави дека Шпанија ги признава пасошите на Косово. „Добрите вести продолжуваат. За нашите граѓани и земјата. Дирекцијата […]

Се влошува епидемиолошката состојба во Албанија, циркулира и грип и Ковид-19


 Од крајот на декември и првите денови на јануари епидемиолошката состојба почна да се влошува низ целата територија на државата, потврди албанскиот Институт за јавно здравје. -Повеќе од 11.000 случаи на респираторни инфекции се пријавуваат неделно, но бројот на заразени е уште поголем, бидејќи многу луѓе не се јавуваат на лекар а дел се третираат […]

Црногорскиот премиер смета дека „Лидл“ е решение за скапите намирници во неговата земја


Германскиот амбасадор во Подгорица, Петер Фелтен, за тамошните медиуми изјавил дека германскиот малопродажен синџир „Лидл“ сака што поскоро да ги отвори своите продавници со намирници низ цела Црна Гора. Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ отворањето на „Лидл“ го гледа како решение за пониски цени во неговата земја. Спајиќ истакнал дека германската компанија „Лидл“ би […]

Додик: Американските авиони немаат дозвола да летаат над БиХ на 8 јануари


Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека не е официјално информиран оти американските борбени авиони Ф-16 ќе летаат над Босна и Херцеговина на 8 јануари. Нагласува дека официјално бил запознат дека за тоа немаат согласност од Претседателството на БиХ, пренесе Бета. – Кога веќе се тука, веруваме дека со своето присуство ќе го поддржат […]

Ова е палатата каде што Александар Велики беше прогласен за крал пред 2300 години (Галерија)


  АНТИЧКИ АИГАИ, Грција – Тоа беше најголемата зграда на класична Грција: Палатата каде што Александар Велики беше прогласен за крал пред да започне со освојување што го однесе до денешниот Авганистан. Палатата на Аигаи во Северна Грција беше целосно отворена во петокот, по 16-годишно реновирање што чинеше повеќе од 20 милиони евра и вклучуваше […]

Рама потрошил илјадници долари во хотел на Трамп


Комитетот за надзор и одговорност во Претставничкиот дом на САД подготви детален извештај за тоа како Доналд Трамп ја злоупотребил позицијата на претседател за да профитира милиони долари од светските лидери, во кој се споменува и премиерот Еди Рама, објави Ора њуз. Во извештајот стои дека за време на претседателствувањето на Трамп, во периодот од […]

Снимка од Златибор за која се зборува: „Градежен криминал кој трае“


Тема на социјалните мрежи станаа сликите од Златибор, кој е една од најпопуларните балкански дестинации за зимски патувања. Иако одамна е познато дека Златибор се соочува со проблем со преголемата градба, многумина сметаат дека ситуацијата сега е критична. Снимките се направени за време на новогодишните празници. Sve što je bilo lepo, naše, više nije… 😞 […]

Загрепска Икеа евакуирана, се огласил алармот


Загрепската „Икеа“ беше евакуирана денеска откако се вклучиле алармите, јавуваат хрватските медиуми. Клиентите и работниците се евакуирани согласно процедурата. Како што пренесува N1, алармите се вклучиле во Икеа во Загреб, најверојатно поради дефект. По еден час, ИКЕА повторно беше отворена.

Косово престана да ги покрива српските симболи на регистрациите


Владата на Косово одлучи да престане да ги покрива државните симболи на Србија со налепници на српските регистарски таблички, само пет дена откако стапи во сила одлуката на српската влада за ознаките на табличките на Република Косово. Косовската влада ја донесе својата одлука вчера, соопштија од кабинетот на Курти, а таа беше образложена како „чин […]

Зголемен број заразени со Ковид-19 и грип во Грција – болните ученици да останат дома


Со цел да се намали опасноста од ширење на респираторни инфекции, Ковид-19, грип во училиштата во Грција, во пресрет на почетокот на наставата в понеделник Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) објави упатства за наставниците, учениците и останатиот персонал во училиштата, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот […]

Српската армија го враќа задолжителниот воен рок – не се подготвуваме за војна!


Генералштабот на српските вооружени сили покрена иницијативата и му предложи на претседателот Александар Вучиќ повторно да се воведе обврска за служење на воениот рок, во времетраење до четири месеци, соопштија од Министерството за одбрана. Како што се наведува во соопштението, тоа е направено со цел да се зголемат одбранбените способности на вооружените сили на Србија, […]

Таткото на Мате Римац е осуден на три години затвор – има акции и во македонски фирми


Општинскиот суд во Пожега го осуди Иван Римац на три години затвор за проневера на пари од „Славонија ДИ“, фирма од Славонски Брод која преработувала дрва. На Римац му се судеше според обвинението од јули 2013 година, а неправосилната пресуда беше изречена на 24 октомври 2023 година. Пресудата беше испратена до странките на 21 декември […]

Во Албанија лани извршени 35 убиства, најмалку во последните три децении


 Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала изјави дека во изминатата година во земјата биле регистрирани 35 убиства, што е најниската бројка што е забележана во последните 30 години. -Имаме драстично намалување на убиствата, со 35 убиства до 31 декември, наспроти 107 во 2013 година и 124 во 2012 година.  Тоа е бројка  што Албанија […]

Пронаоѓачот на моќниот дрон, Селџук Бајрактар, ​​стана најголемиот даночен обврзник во Турција


Селџук Бајрактар, главен офицер за технологија (CTO) на турскиот магнат за беспилотни летала „Бајкар“, стана главен даночен обврзник во земјата во 2021 и 2022 година, пишува Дејли Сабах. Бајрактар ​​платил вкупно 153.345.596 турски лири (18,94 милиони долари) данок за 2021 година, додека за 2022 година платил 564.124.318 турски лири, врз основа на приходите што ги […]

Грција ги зголеми давачките: За десет дена поскапо до 100 евра


Од 1 јануари, грчката влада воведе нова еколошка такса и таа сега се плаќа наместо данокот за престој, кој беше актуелен од 2018 година. Еколошката такса ќе се наплаќа на лице место во текот на целата година и ќе зависи од категоризацијата на сместувачкиот објект. Во периодот од март до октомври за студиа и апартмани […]

Загрижувачки раст на боледувањата во Словенија


Словенија бележи раст на работниците кои користат боледување. Минатата година во Словенија имало рекордни 56.128 вработени на боледување, што е за 84,8 отсто повеќе од 2014 година. Болничкиот систем во Словенија нема временско ограничување и затоа не може да се споредува со другите европски земји. Таков систем во Европа има само Бугарија. -Ситуацијата е загрижувачка […]

Заробување на државата во Србија: Проблем за Балканот и за ЕУ


  Според претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамнешните парламентарни избори во земјата биле „најчистите и најчесните“ во нејзината историја. Тие, исто така, беа триумф за неговата погрешно именувана Српска напредна партија (СНС), која убедливо победи. Но, Организацијата за безбедност и соработка во Европа имаше поинаков став. Изборите на 17 декември, се вели во изјава на […]

Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинари


Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна. Две […]

Додик најави донесување изборен закон на РС


 Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска најави дека Република Српска ќе го донесе својот Изборен закон, кој, како што рече, ќе биде во согласност со Уставот на БиХ и на РС. „РС ќе го усвои својот изборен закон, што предвидува уставно позиционирање на Српска и ќе предвиди изборната комисија на РС да спроведе општински […]

Во Турција почна судењето за уривањето згради во земјотресот


Анкара – Првото големо судење поврзано со изградбата на згради кои се урнаа во катастрофалниот земјотрес во февруари 2023 година, во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а во овој случај хотелот „Исијас“ во Адијаман, започна денеска во Турција. Според турските медиуми, пред судот во Адијаман (југоисток во земјата) се појавиле 11 обвинети, меѓу кои […]