Мицотакис направи мини реконструкција на Владата


Промени во четири Министерства на позициите министри и заменици-министри направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, што воедно е и прва, мини реконструкција на Владата во вториот мандат што го доби пред шест месеци, по изборите на крајот на јуни минатата година, јави дописничката на МИА од Атина. Владиниот портпарол Павлос Маринакис попладнево соопшти дека по одлука […]

Два американски хеликоптери „Блек хок“ ќе станат дел од албанските вооружените сили


Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, објави дека до крајот на месецов во „арсеналот на вооружените сили на земјата ќе се додадат два американски хеликоптери „Блек хок“ (Black Hawk)“. -Голема инвестиција и важен чекор што ќе ни ја даде потребната моќ и посветеност за поефикасно и побезбедно извршување на тактичките мисии и итни операции. Оваа […]

Млекото за бебиња во Грција поскапо и до 213 отсто во споредба со други земји од ЕУ


 Цената на млекото за бебиња е од 30 до 213 отсто поскапо на грчкиот пазар во споредба со други европски земји, рече министерот за развој на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, потврдувајќи ги податоците од Комисијата за конкурентност што ги објавуваат медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според […]

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија


Доцна синоќа земјотрес ги вознемири жителите на Тетово и Гостивар. Земјотрес бил со јачина од 3,4 степени и епицентар во Албанија. Според ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 23 часот и 39 минути, по локално време. Нема информации за предизвикана материјална штета. Сеизмолозите од Албанија порачуваат дека станува збор за редовна сеизмичка активност.

Римац оваа година ќе претстави автономни роботаксија


Хрватската автомобилска компанија „Римац“ оваа година ќе претстави автономни роботаксија. Rimac е најпознат по својот електричен хиперавтомобил Nevera, но сега се подготвува да влезе на нова територија со проширување на пазарот за масовна мобилност преку својата иницијатива Project 3 Mobility. На почетокот на оваа година, компанијата ќе претстави високо автономен роботакси како пилот прототип, кој […]

Ги кршеле стаклата на автобусот за да излезат-најмалку десетина повредени во тешка сообраќајка во Бугарија


Десетина грчки туристи се повредени денеска во тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион на патот Русе-Бјала. Патниците ги скршиле стаклата на автобусот. Никој не е сериозно повреден, пренесуваат бугарските медиуми. Во автобусот патувале 50 туристи од Грција кои ја дочекале Новата година во Букурешт. На кривина меѓу Волово и Борово, 36-годишниот романски возач удрил […]

Приведен вработен во хрватското МНР кој криел девет мигранти во куќа во Загреб


Загреб – Службеник во хрватското Министерство за надворешни работи денеска е приведен бидејќи со двајца Индијци криеле девет мигранти во семејна куќа во областа Медвешчак во Загреб, јави РТЛ. Четворица мигранти од Бангладеш и пет од Пакистан се обиделе да и побегнат на полицијата, но брзо биле приведени, а сите потоа побарале азил.Еден државјанин на Индија […]

Поштенска марка во чест на Бата Живојиновиќ 


Поштата на Србија промовираше комеморативна марка со ликот на легенрадниот актер Велимир Бата Живојиновиќ (1933-2016). В. д. на Поштата на Србија Зоран Ѓорѓевиќрече дека марката е издадена на крајот од две години по повод двојниот јубилеј – 50 години од воениот филм „Сутјеска“ (1973) и 55 години од акциониот филм „Мостот“. (1969), во која играше […]

Тито беше специјален гостин на дочекот на Новата година во Сараево


На синоќешната јавна новогодишна прослава во Сараево, Јосип Броз Тито им се „обрати“ на присутните граѓани и туристи. Имено, како што е веќе познато по атмосферата помеѓу настапите на четворицата изведувачи, кои синоќа настапија во главниот град на БиХ на сцената пред Вечниот оган, задолжени беа актерот и комичар Зенит Ѓозиќ и актерката Аида Буква. […]

Во Сплит едната близначка се роди во старата, а другата во новаата година


За време на новогодишната ноќ во болницата во Сплит се родија близначки, едното во старата, а другото во новата година. Првото девојче родено во Клиничкиот болнички центар во Сплит пристигна минута пред полноќ, а нејзината сестра минута подоцна. „Вечерва имаше навистина необична ситуација, кога близначките се родија како во песната на Џибони – на полноќ, […]

Државјаните на Косово од денеска патуваат без визи во ЕУ


Приштина – Безвизен режим за државјаните на Косово стапи во сила од денеска и им овозможува тие да патуваат во ЕУ без потреба од издавање виза за период на престој до три месеци. Новиот режим беше активиран на полноќ, со што Косово стана последната од шесте земји од Западен Балкан на кои им беше одобрено укинување […]

Aвтобус со туристи од БиХ се преврте кај Венеција, повредени 10 луѓе


 Десет лица се полесно повредени кога автобус со туристи од Босна и Херцеговина се превртел во италијанското место Сан Дона ди Пијаве, недалеку од Венеција. Според порталот Кликс, во моментот на несреќата во автобусот имало 79 лица, меѓу кои и двајца возачи. Пожарникарите ги извлекле сите патници, а им помогнал медицинскиот персонал кој пристигнал со […]

Семејство од Босански Нови изврши колективно самоубиство: Пиеле ракија и оставиле проштални писма


Тричлено семејство од Босански Нови изврши колективно самоубиство во саботата навечер, водено од тага поради смртта на нивната внука или ќерка која боледувала од леукемија. Трагедијата се случила во селото Добрљин кај Нови Град (Босански Нови), каде полицијата во семеен дом пронашла безживотни тела на две жени и еден маж со тешки повреди. Утврдено е […]

Од денеска поскапи патарините во Грција


Атина – Патарините во Грција од денеска се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, јави дописничката на МИА од Атина. Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе од две евра поскапо, односно […]

Во Србија од денеска слободно движење на возила со косовски регистарски таблички


Согласно одлуката на Владата на Србија од 25 декември минатата година, на територијата на Србија од денеска е овозможено слободно движење на возила со косовски „РКС“ регистарски таблички. Како што претходно најави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, Владата на Србија донела ваква одлука „за да им помогне на Србите од Косово“, […]

Словенија од денеска е членка на Советот за безбедност на ОН


  Словенија денеска официјално го почна мандатот како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, кој трае до 31 декември 2025 година, а работата на прашањата за светскиот мир и безбедност практично ќе почне утре, бидејќи Палатата на народите денеска не работи поради 1 јануари. Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на почетокот […]

Новогодишна порака од Радев: Бугарија не смее да војува околу историската меморија


Во своето традиционално новогодишно обраќање, бугарскиот претседател Румен  Радев ја резимираше изминатата 2023 година како „пресвртна и растргната помеѓу создавањето и загриженоста дека стрелите на историјата се враќаат назад“. Со зборот „создавање“  веројатно асоцира на раководството на преодната влада поставена од него пред формирањето на редовниот кабинет „Денков-Габриел“, која ја презеде власта на 6 јуни […]

Во Црна Гора срушена куќата на десеткратниот убиец


Вчера, во цетинската населба Медовина по наредба на надлежен инспекциски надзор е демолирана куќата на Вук Бориловиќ, масовен убиец од Црна Гора. Уривањето започна околу 18:30 часот иако беше најавено за пладне. Според образложението до кое имала пристап РТВ Цетиње, куќата е урната врз основа на инспекциско решение на Министерството за просторно планирање, урбанизам и […]

Од разорни земјотреси до катастрофални поплави – тешка година за 100-годишна Турција


Исклучително тешка и динамична година за Турција е 2023 која изминува. Земјата ја зафати вистинска апокалипса – од разорните земјотреси во февруари со над 50 илјади жртви до силни поплави. Во мај се одржаа претседателски и парламентарни избори, на кои претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) уште еднаш ја […]

Романија и Бугарија од март влегуваат во Шенген по воздушен и морски пат


Виена – Австрија постигна договор со Бугарија и Романија за влез во Шенген зоната по воздушен пат, а двете земји ги исполнија австриските барања, соопшти австриското Министерство за надворешни работи. Документот е испратен до земјата претседавач со ЕУ, Шпанија, а сега останува на претседателството и на Европската комисија да ја спроведат бугарската и романската апликација за […]