Брнабиќ: Што ви згреши толку Вучиќ?
Таа во емисијата „Директно со Миња Милетиќ“ изјави дека се работи за човек кој има неспорни резултати и дека цел живот го дал за Србија, а и покрај тоа во медиумите е претставен како лажго, шеф на организиран криминална група, а неговото семејство трпи постојани навреди.
„За жал, Србија против насилството и медиумите на групата Јунајтед создаваат атмосфера на насилство. Медиумите на групата Јунајтед го релативизираат секој напад врз активистите на СНС и секој напад врз Александар Вучиќ. Не мислам дека професионален медиум е тој што организира емисија каде имаш пет луѓе кои седат по два часа и ги кажуваат сите најпогрдни работи за претседателот на Србија.
Тој е психопат, лажго, шеф на организирана криминална група? Мислам дека не е професионален, мислам дека не е правилно или дека на било кој начин придонесува за деполаризација во нашето општество. Зошто е тоа, зошто го прават тоа? Што направи тој човек? Освен што го даде целиот свој живот да направи нешто за да ја направи оваа држава победничка и има резултати, неспорни резултати.Во автопати, во БДП, во работни места, плати?Што е проблемот?Зошто е врвно зло, за што?Зошто кажуваат такви работи за неговото семејство, за неговата мајка, син, брат? Навистина не ми е јасно“, рече Брнабиќ.