Манфред Вебер изгубил контакт со реалноста во Бугарија


Манфред Вебер, лидер на групата на народни партии во Европскиот парламент (ЕПП) порача денес дека политичкото семејство стои цврсто зад Марија Габриел во однос на „неоправданите напади“ со кои се соочува овие два дена. Тој уште ги осуди лидерите на „Промените продолжуваат“ и Демократската Бугарија, иако таа ја предизвика политичката криза која требаше да биде само политичка ротација на власта.  

„Загрижувачко однесување од лидерите на ПП и ДБ. Во интерес на сите Бугари, одговорноста и почитувањето на договорот треба да надвладее. Сите проевропски сили во ЕУ и во Бугарија  треба да го поддржат овој повик“,, напиша тој на социјалните мрежи во очигледен обид да ја спаси Габриел на позицијата што требаше да ја добие – премиер ба Бугарија. 

Габриел, под притисок на ГЕРБ и на Бојко Борисов, предизвика криза со одлуката да побара мандат од претседателот Румен Радев да формира влада иако нејзиниот состав и програмата на која ќе работи не беа усогласени и договорени од коалицијата ПП-ДБ. Иако крајната цел на нејзиниот потег не беше јасна, се претпоставува дека таа сакаше да издејствува предвремени избори, а за тоа да ги обвини ПП и ДБ. Откако министрите од ПП и ДП, што таа ги стави на листата порачаа дека не ги консултирала и се повлекуваат, а таа незаконски побара мандат, во Бугарија се проблематизира нејзиниот кредибилитет и натаму да остане претендент за премиерската функција , особено откако ја прогласија за „ најубавиот предводник на мафијата“ во државата, алудирајќи на соработката на ГЕРБ со ДПС (Партијата на Турците) која од аспект на корупцијата е најозогласена во Бугарија. 

Марија Габриел дојде во Софија како „европското лице“ на Бугарија  и, тогаш, исто како и сега, доби силна поддршка од ЕПП која со сите сили се труди да ја одржи партијата на Бојко Борисов на власт иако важи за крајно криминализирана. Договорот и заедничката влада се распаднаа токму поради одбивањето на ГЕРБ да ги прифати клучните реформи во судството и именувањата во регулаторните тела. 

Не е првпат ова политичко семејство да брани нешто што не се брани во политиката за да ги задтжи позициите во Европа, вклучувајќи го и Никола Груевски долг период и Виктор Орбан.