Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Еве ги цените


Познатиот британски готвач Џејми Оливер отвори ресторан во Белград.

„Белград, отворени сме. Големи честитки за мојот тим кој штотуку го отвори мојот прв ресторан во Србија. Локацијата е прекрасна, во срцето на Белград на вода, на брегот на реката Сава. Вратите сега се официјално отворени. Многу сум горд!“, напиша Џејми Оливер на својот Инстаграм профил сподели фотографија од персоналот.

Во согласност со името на ресторанот „Jamie’s Italian“, на менито се нудат главно италијански специјалитети, а цените на пиците се движат од 850 до 1.555 динари (500 до 800) .

Кога станува збор за тестенините, најевтини се равиоли со тартуфи, кои чинат 975 динари (нешто повеќе од 500 денари), а најскапа тестенина се сицилијанските лингвини со гамбори – чинат 1.755 динари (близу 1.000 денари).

Нудат и јадења со месо, како и традиционални италијански десерти како што се тирамису и панакота.

Порција тирамису чини 655 динари (350 денари).

Ресторанот се наоѓа на „Херцеговачка“ 14.