(Видео) Во Косово експлодира бомба


Во Северна Митровица две лица се повредени синоќа откако експлодирала рачна бомба. Експлозијата се случила нешто пред полноќ на улицата „Кнез Милош“, во непосредна близина на мотелот „Бишевац“, јавува Косово онлајн. Како што потврди заменик-полицискиот командир, повредени се две лица, а оштетени се и неколку автомобили. „Околу 23:50 часот се случи експлозија во Северна Митровица. […]

Албанската опозиција го спречи претседателот Бегај да се обрати во Парламентот, мнозинството ги изгласа новите министри


 Новата година не ја смени стратегијата на опозициските демократи и на првата пленарна седница на албанскиот Парламент, објави Топ чанел. – Блокирањето на собраниската говорница продолжи доцна попладнево, не само пред владејачките социјалисти, туку и пред британскиот и германскиот амбасадор, кои, преку социјалните мрежи, претходно, ги повикаа политичките партии на дијалог, додава телевизијата. Истата цел […]

Шпански министер: Прифаќањето на косовските пасоши не значи признавање на Косово


Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, повтори дека прифаќањето на пасошите на Косово не значи признавање на независноиста, посочувајќи дека таквото тврдење е „подметнато“ од опозициската Шпанска народна партија (ПП). Во интервју за Перодико де Еспања, Хозе Мануел Албарес рече дека Шпанија не може да се преправа дека „Косово […]

Четири земји уште не ја признале Хрватска


  Денеска се навршуваат 32 години од меѓународното признавање на Република Хрватска. На 15 јануари 1992 година, Хрватска беше призната од членките на тогашната Европска заедница, а Германија на тој ден веднаш воспостави дипломатски односи со Хрватска. Меѓународното признавање на Хрватска постепено следеше по прогласувањето на нејзината независност на 25 јуни 1991 година. Истиот ден, […]

Бајден предложи веќе одбиен кандидат за амбасадор во Албанија


   Американскиот претседател Џо Бајден повторно го предложи Дејвид Џ. Костеланчик за амбасадор на СAД во Албанија, иако деновиве неговото наименување го одби Сенатот. Овој повторен предлог доаѓа откако на 4 јануари Сенатот не го одобри наименувањето на Костеланџик за амбасадор на САД во Албанија, поради пречекорување на роковите. Него на функцијата амбасадор на САД […]

Откриени 117 мигранти во близина на Крит и уапсени тројца криумчари


Од Либија за Италија, тргнале 117 мигранти, патување за кое платиле од 1.500 до 4.500 долари, а биле откриени и спасени во близина на грчкиот остров Крит, но и упасени тројца од нив, под сомнение дека се криумчари, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката крајбрежна служба соопштија дека во железниот чамец имало 84 […]

Лани во Хрватска работеле 13.412 државјани на Македонија


Македонците се трети на по број на листата на странски работници кои лани официјално имале работни дозволи и работеле во Хрватска. Според податоците кои ги објави хрватското МВР, лани во Хрватска работеле 13.412 државјани на Македонија. Многумина од Македонија особено во туристичката сезона заминуваат на работа во оваа држава која е дел од Европската Унија […]

Во Албанија пристигнаа американските хеликоптери „Блек хок“, за САД историски чин


Амбасадата на САД во Тирана соопшти дека од САД во Албанија пристигнале американски хеликоптери УХ-60 Блек Хок, што деновиве го најави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши. „Историско пристигнување на првите хеликоптери UH-60 Black Hawk. Американски транспортен авион Ц-17 пристигна во Тирана за да ја испорача првата нарачка на Албанија за хеликоптери Black Hawk, поддржани […]

Сопственик на пумпа во Атина убиен со 80 куршуми


Брутално убиство се случило ноќеска нешто по 2 часот по полноќ на бензинска пумпа во Атина, кога непознати напаѓачи испукале повеќе од 80 куршуми од автоматско оружје во 44-годишниот сопствениок на пумпата, објавуваат грчки медиуми. Човекот бил застрелан во својот автомобил и починал на самото место, додека неговиот автомобил бил изрешетан со куршуми. Според неофицијални информации, напаѓачите користеле црн џип, а […]

Под истрага градоначалничката на Булќиза, чиј брат издаваше лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо


 Албанскиот Висок инспекторат за пријавување и контрола на имот и судир на интереси (ИЛДПКИ), информираше дека е започната управна истрага за градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри.  -Откако темелно го разгледавме  барањето на  пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи, одлучивме да почне истрага на проверка, постапување и решавање на сомнителниот случај на судир на интереси при […]

ЕУ ќе ги услови милијардите евра нова помош за земјите од Западен Балкан


Земјите-членки на ЕУ се подготвени да дадат поддршка за Планот за економски раст за Западен Балкан во висина од над 6 милијарди евра, но бараат од земјите во регионот напредок во владеењето на правото и ускладеност со надворешната политика на ЕУ, јавува Радио-телевизија Србија по консултација со дипломатски извори од Брисел. Покрај напредокот во владеењето на правото […]

Вучиќ и партијата лобираат да се ублажи извештајот на ОДИХР за изборни нерегуларности


  Според информациите до кои дојде порталот „Нова.рс“, од дипломатски кругови во Брисел, Српската напредна партија врши притисок врз меѓународните актери конечниот извештај на ОДИХР да не ги содржи сите изборни нерегуларности кои набљудувачите ги забележале на 17 декември. „Овие притисоци ги водат земјите со кои владејачката партија во Србија (СНП) и претседателот на Србија, […]

Тони ѓубре течат по босанска река – Дринското Езеро е еколошка катастрофа


Сцени од ѓубре и пловечки отпад во огромни количини го претворија Дринското Езеро во областа на Вишеград во еколошка катастрофа. Тони отпад од пластика и тешки метали, гума, дури и автоделови, бела техника, шишиња и друго ѓубре пловат низ Дринското Езеро. Според проценките, од езерото годишно се отстрануваат меѓу шест и осум илјади кубни метри […]

Зетот на Орбан купил 11 деловни згради во Белград: „Ова е најголемата поединечна трансакција на пазарот во Југоисточна Европа“


Diofa Fund Management купи неколку деловни згради во Нов Белград, а овој фонд е дел од групата предводена од зетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Иштван Тиборц, пишува „Форбс“. Во соопштението до медиумите доставено од консултантската компанија за недвижности CBRE SEE се наведува дека во продажбата биле опфатени 11 згради од премиум-класа, со површина од […]

Сомнителен коверт во руската амбасада во Атина и сомнителен куфер во центарот на градот


Мобилизација на грчката полиција предизвикаа претпладнево два случаи во Атина, едниот со сомнителен коверт со прашок со непознат состав во руската амбасада, другиот со сомнителен куфер во центарот на градот, а засега веројатно се работи за два одвоени случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, и во двата случаи биле ангажирани припадници […]

Тензии пред грчкиот Парламент на протестот на студентите против отворање приватни факултети


Со мали тензии меѓу полицијата и демонстрантите пред грчкиот Парламент, заврши масовниот протест на учениците и студентите во Атина, против предлог-законот на Владата за отворање приватни факултети во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Студентите низ цела Грција, организирани од студентските здруженија одржаа собири, испраќајќи порака дека образованието мора да биде и да остане […]

Рама најави дека Албанија ќе произведува автомобили за државните институции


Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Албанија има подготвен проект за производство на автомобили за потребите на државата, со домашна компанија, која до сега  произвела амбулантни возила за Украина, но и за соседните земји Северна Македонија, Бугарија, Турција. Додаде дека овие автомобили ќе бидат пуштени во употреба за потребите на министерството за здравство, за внатрешни […]

Која е Јелена Дракулиќ-Петровиќ, стариот директор и новиот сопственик на НИН?


  Името на Јелена Дракулиќ-Петровиќ деновиве одекна на медиумската сцена во Србија, кога беше објавено дека станала нова сопственичка на неделникот НИН. Како долгогодишен генерален директор на компанијата Ringier Srbija, под која работи „Блиц“, а претходно и други медиуми окарактеризирани како провладини, се поставува прашањето дали овој потег претставува негување на медиумски плурализам или полесен […]

Мицотакис: Предлог-законот за истополови бракови нема да вклучува сурогат мајчинство


Атина– Законот што ќе го донесеме е еднаквост во бракот, односно, елиминирање на секаква дискриминација врз основа на сексуална ориентација во однос на стапувањето во брачна заедница, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ, со што, како што и беше најавено, јавно ја отвори дискусијата за истополовите бракови, јави дописничката на […]

Бугарија, Романија и Турција ќе формираат Група за деминирање на Црното Море


Брисел – Владите на Бугарија, Романија и Турција денеска во Истанбул треба да потпишат Меморандум за разбирање за формирање Поморска група за расчистување на мини од Црното Море и за осигурување на безбедност на морските патишта.   Трите земји, членки на НАТО, нагласија дека иницијативата останува отворена за учество и на други држави сојузници кои […]