Тадиќ: Поголема кукавица од Вучиќ немало на чело на Србија, граѓаните го бранат уставниот поредок


Претседателот на Социјалдемократската партија и поранешен претседател на Србија, Борис Тадиќ, ги коментираше протестите во Белград и, зборувајќи за сегашниот претседател, Александар Вучиќ, рече дека поголема кукавица никогаш не била на чело на Србија. „Тој е опседнат со луда желба да стане историска личност, а кога неговата неоспорна моќ е разнишана, при што тој брутално […]

Пожар во близина на Измир: зафатени куќите, евакуирани цели населби


Огромен шумски пожар изби во близина на турскиот град Измир, предизвикувајќи вистинска паника кај жителите. Пламените јазици, кои брзо се проширија поради силниот ветер, стигнаа до станбени области и предизвикаа значителна материјална штета. Жителите се во паника и се евакуирани, додека локалните власти мобилизираа сè што имаат на располагање за справување со огнената стихија. Општина […]

По блокадите во Белград, се нормализира сообраќајот


Утринава, постепено се нормализира сообраќајот низ Белград откако до доцна во ноќта студентите во блокада и граѓани блокираа голем број раскрсници, улици и мостови во главнипот град на Србија. Во текот на ноќта, полицијата ги отстрани сите блокади на патиштата во Белград и сообраќајот може да функционира нормално, соопшто утрово Министерството за внатрешни работи на […]

Граѓаните поставуваат барикади низ цела Србија, контејнери на улиците од Белград до Ниш


Граѓаните поставуваат барикади низ цела Србија, контејнери има на улиците од Белград до Ниш. Тоа е реакција на одговорот на власта во Белград која, ден по големиот протест за Видовден, почна со масовни апсења на граѓани, студенти и активисти. Затоа, студентите и граѓанските собранија започнаа акции на „граѓанска непослушност“, односно ги блокираа главните улици низ […]

Албанскиот премиер му одговори на Фараж: Покажете ги фактите


Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на X реагираше на изјавата на британскиот пратеник и реформатор за Брегзит, Најџел Фараж, кој изјави дека Албанците во Велика Британија се клучни играчи во криминалот, тврдејќи дека секој 50-ти Албанец на англиска територија е во затвор и побара од Албанија „да си ги земе нејзините криминалци назад“. „Упс […]

Конститутивната седница на косовското Собрание прекината по 39-ти пат


Конститутивната седница на косовското Собрание денеска беше прекината по 39-ти пат, откако пратениците не го усвоија предлогот на движењето Самоопределување да се гласа за нивниот кандидат Аљбуљена Хаџи за претседателка на собранието, на тајно гласање. Најстариот пратеник во собранието, Авни Дехари, кој ја води конститутивната седница, ги повика ДПК, ДСК, АБК и Српска листа да […]

Вучиќ најави уште апсења, студентите не биле посилни од државата!


Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до јавноста по синоќешните инциденти по студентскиот протест во Белград, кој резултираше со судири меѓу граѓаните и полицијата. Прво зборуваше за изградбата на автопати и отворањето фабрики во Србија. – На нерегистрираниот јавен собир имаше околу 36.000 учесници. Нарушувањето на јавниот ред и мир започна по 21 часот, како […]

Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата


 Илјадници демонстранти се собраа вчера на централниот плоштад во Софија протестирајќи против одлуката на владата за воведување на еврото, барајќи за оваа одлука да се одлучи на референдум.  Европската унија го одобри воведувањето на еврото во Бугарија на 1 јануари. Демонстрантите, предводени од граѓански здруженија, националистички и проруски партии познати по своето противење на воведувањето […]

Вучиќ прогласи победа над студентите откако полицијата ги растера со солзавец,


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа. „Еве ме тука во Пионирски парк, или како што сакаме да го наречеме, Ќациленд, со гордост, со овие прекрасни млади луѓе кои само сакаат да учат и кои […]

Концертот на Томпсон во Хрватска го одложи и оценувањето за матурата


На загрепскиот саем, во тек е процесот на оценување за околу 130.000 државни испити за средно образование, спроведен од околу илјада оценувачи, претежно наставници. Според распоредот за оценување на испитите во деновите пред и на денот на концертот во Хиподром, се оценуваат неколку предмети, вклучувајќи го и еден од задолжителните предмети, математика, со најмногу оценувачи. […]

Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“ преполна на Видовден – Ќаците ги гаѓаа со шишиња и јајца


Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го свика студентското движење, се одржува денеска во Белград. Митингот на плоштадот „Славија“ е еден од серијата протести што траат неколку месеци, предизвикани од смртта на 16 лица на 1 ноември минатата година при падот на настрешницата на неодамна реновираната железничка станица во Нови Сад. Голем дел од јавноста […]

Бројни полициски тимови распоредени низ Белград


Српската полиција распореди голем број припадници во Белград во обид да се зачува мирот поради најавениот протест на студентите во блокада и од попладнево кога почнаа да се собираат голем број граѓани кои ја поддржуваат властите. Во центарот на српскиот главен град засега се е мирно, јави дописникот на МИА од Белград. Во близина на […]

Вучиќ очекува инциденти на денешните протести во Белград


Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ во Белград и тврди дека „насилството ќе започне помеѓу 20.45 и 21.45 часот“. – Ќе има насилство, тие не можат да излезат од тоа. Никој нема да ги слуша нивните говори – изјави Вучиќ пред новинарите во Палатата на Србија по доделувањето награди […]

(Видео) Турист во Мостар скокнал од Стариот мост во Неретва: Мештаните го претепале


Неодговорното однесување на странски турист предизвика негодување кај граѓаните на Мостар. Имено, и покрај повеќекратните предупредувања од локалните жители, човекот решил да скокне од познатиот Стар мост во реката Неретва. Откако излегол од студената вода, на брегот го пречекала група лути граѓани кои потоа физички го нападнале. Видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи […]

Во Грција регистриран смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска


Смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска бил регистриран во грчката општина Еласона, во областа Лариса, а станува збор за пациент постар од 70 години, кој бил хоспитализиран во болница со сериозно влошена клиничка слика и починал, соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ објаснија […]

Во Србија одбележуваат Видовден – Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести, литературна вечер, одликувања…


Во Србија денеска се слави Видовден, а во текот на денот се најавени неколку настани – протест на студентите во блокада во Белград, литературна вечер пред Народното собрание, доделување одликувања, и свечената седница на српската Влада во Крушевац. Студентите во блокадата го најавија протестот „Се гледаме на Видовден“, што ќе  почне во 18:00 часот на […]

Црна Гора го затвори поглавјето за јавни набавки во преговорите со ЕУ


Подгорица – Црна Гора денеска официјално го затвори поглавјето 5 – „Јавни набавки“ – во рамките на пристапните преговори со Европската Унија, со што досега се затворени вкупно седум од 33 поглавја. Министерот за финансии Новица Вуковиќ изјави дека ова е „потврда дека државата е подготвена да управува со јавните средства на транспарентен и одговорен […]

Отворен патот на БиХ до милијарди евра од фондовите на ЕУ 


СОВЕТОТ на министри на Босна и Херцеговина денес го прифати нацрт-планот за реформи и списокот на реформи, со што се создадоа услови за пристап до милијардите евра доделени од Европската Унија на БиХ како дел од финансискиот пакет за Западен Балкан. Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто (HDZ БиХ), преку […]

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот


Првиот топлотен бран оваа сезона ги зафати балканските држави, носејќи рекордни температури и зголемен ризик од пожари. Метеоролозите предвидуваат дека жештините ќе завршат во текот на викендот со очекувани дождови и значително разладување, пренесува БТА. Во изминатите денови, температурите во повеќе балкански земји надминаа 40 степени Целзиусови. Во Турција, особено во Централна Анадолија и јужните […]

Кулминира првиот топлотен бран во Грција за ова лето (Фото)


Атина – Со температури што во одредени делови на земјата достигнуваат и над 40 степени Целзиусови, денеска кулминира првиот топлотен бран во Грција за ова лето, а Министерството за труд воведе мерки за заштита на работниците, јави дописничката на МИА од Атина. За работа на отворено задолжителен е прекин со работата во периодот меѓу 12 и […]