Под контрола е пожарот во регионот на Вурвуру на Халкидики


Атина – Не постои никаква опасност за туристичките сместувачки капацитети или домовите во областа. Посетителите и жителите можат да останат мирни, бидејќи ситуацијата е нормализирана, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ситонија Јоанис Малинис и информираше дека шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвурy е ставен под контрола, јави дописничката на […]

Шумски пожар на вториот крак на Халкидики – евакуација на сите што се во регионот на Вурвуру


Атина – Голем шумски пожар избувна попладнево на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите што се во конкретната област да се евакуираат кон Никити, јави дописничката на МИА од Атина. Во гаснењето учествуваат 65 пожарникари со два пешадиски тима, 20 возила, […]

Курти: Ќе сториме сè за да се конституира Собранието на Косово до крајот на месецот


 Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска изјави дека ќе направи сè за новото Собрание да биде конституирано до крајот на јули, a во духот на соработка меѓу политичките партии. По двочасовната средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, Курти истакна дека законските рокови течат и дека конституирањето на новиот собраниски состав мора […]

Дали десницата ги киднапираше студентските протести во Србија?


  Протестите за Видовден собраа голем број луѓе на улиците на Белград. Некои од говорите доведоа до иритации во регионот и конфузија во земјата. Дали национализмот на Видовден е одговор на пропагандата на режимот или во движењето јакне десницата? Кирстен Шенефелд е раководител на белградската канцеларија на германската фондација „Фридрих Еберт“. Таа ги набљудува целокупните […]

Полјаците огорчени од состојбата на железниците во Хрватска: „Патниците сакаа да ги бакнат шините на враќање“


Полскиот заменик-министер за инфраструктура, Пјотр Малепшак, зборуваше за искуствата на патниците кои патувале со воз од Полска до Риека и изјави дека патниците не биле премногу ентузијастични за инфраструктурата во Хрватска. Како што претходно беше наведено, првите патници на оваа железничка линија тргнаа од Варшава во петок, 27 јуни, и пристигнаа во Риека во сабота […]

Немири низ цела Србија: Летаа факели, граѓаните оставаа ѓубре пред СНС, уапсени се неколку лица


Во Србија, третата ноќ од граѓанските и студентските блокади на главните улици и раскрсници низ целата земја помина насилно и беа регистрирани неколку инциденти. Граѓаните и студентите блокираа околу 20 градови, вклучувајќи ги Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Суботица, Чачак, Шабац, Краљево, Заечар и други, во знак на поддршка на уапсените студенти и дипломирани студенти. […]

Во Србија од петок поскапуваат патарините


Од петок, 4 јули, возачите во Србија ќе плаќаат нови цени за патарина, објави српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура. Во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството се вели: „Во согласност со редовните годишни активности, износите на надоместоците во динари се прилагодени со годишниот индекс на потрошувачки цени, зголемувањето на малопродажните цени, така што […]

Вучиќ: Реков дека нема помилување и се чувствував лошо, ова се наши деца


Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека можеби ќе помилува некои од уапсените студенти, иако пред неколку дена изјави дека нема да го стори тоа. „Размислував за тоа пред неколку дена. Реков дека нема да има помилувања и се чувствував лошо. Ова се наши деца, можам да им помогнам. Можам да одам подалеку од мојот […]

Известителката на ПССЕ длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите во Србија


Белград – Известителката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Србија, Викторија Тибло, по повод масовниот протест за Видовден во Белград, објави дека е „длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите“ во земјата . Таа додаде дека жали што митингот завршил со судири меѓу демонстрантите и полицијата што го обезбедувала кампот на поддржувачите на владата. […]

Данска манистерка: Србија заостанува на патот кон ЕУ, Црна Гора и Албанија водат


  Данската министерка за европски прашања Мари Бјере, чија земја денес го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската унија, изјави дека Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ во спроведувањето на реформите и усогласувањето со надворешната политика на Унијата кон Русија. Бјере изјави за Радио и телевизија на Србија (РТС) дека напредокот […]

Турција продолжува да ја зголемува транзитната такса за Босфор и Дарданели


Турските власти повторно ја зголемија таксата за бродовите што минуваат низ Босфор и Дарданели за 15 проценти, наведувајќи го погустиот сообраќај и зголеменото оптоварување на инфраструктурата во образложението на одлуката, објавија руските медиуми. Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу повтори дека „таксите собрани од бродовите што минуваат низ Босфор и Дарданели се пресметуваат врз […]

Еди Рама и Најџел Фараж во војна на интернет: Лекции за Албанците, криминалот и статистиката


  Албанскиот премиер Еди Рама и британскиот политичар и жесток поборник за „Брегзит“, Најџел Фараж, влегоа во жестока дебата на социјалната мрежа Икс во врска со стапката на криминал кај албанското население во Велика Британија. Критиките на Рама кон Велика Британија по излегувањето на земјата од Европската унија го налутија еден од најгласните поборници за […]

Евакуирани повеќе од 40.000 луѓе од Измир поради големи пожари – 46 се во болница


Турските спасувачи евакуираа повеќе од 40.000 луѓе, претежно од западната провинција Измир, додека пожарникарите продолжуваат да гасат стотици пожари. Повеќе од 40.000 луѓе евакуирани од Измир поради големи пожари на стотици локации, некои луѓе се во болница. На ова му претходеше интензивна топлина низ целиот западен брег, а огнениот елемент зафати делови од провинциите Билеџик, […]

Грција од денеска воведува нови туристички такси за островите


Патниците што ќе одат на крстарења сега ќе мора да платат нов туристички данок за да ги посетат двата најпопуларни острови во Грција. Од вторник, 1 јули, патниците на крстарења ќе плаќаат 20 евра за да ги посетат Санторини и Миконос. Новиот данок ќе се применува за време на врвот на туристичката сезона, која трае […]

Сопрена „локумадес мафијата“ во Грција – водачот доби 16 години затвор


Криминалната мрежа позната како „локумадес мафија“, која ја тероризирала Ситонија на вториот крак од Халкидики, доби правосуден епилог – нејзиниот водач е осуден на 16 години затвор. Грчките медиуми јавуваат дека 42-годишниот маж бил прогласен за виновен поради повеќе кривични дела, меѓу кои изнуда, закани, нанесување телесни повреди и употреба на огнено оружје. Сите овие […]

Турските власти притворија над 120 лица во истрага за корупција против опозицијата


Турските власти денеска приведоа над 120 лица во голема истрага за корупција насочена кон градската администрација на Измир, која е управувана од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), објави Анадолија. Меѓу приведените се поранешниот градоначалник на Измир, Тунч Сојер, и покраинскиот претседател на ЦХП, Шенол Асланоглу. Обвинителите издадоа налози за апсење на вкупно 157 осомничени […]

На концертот на Томпсон доаѓаат 500.000 луѓе во Загреб – спектакл или опасен настан


  Концертот на Марко Перковиќ – Томпсон во Загреб на 5 јули се очекува да привлече 500.000 луѓе, според бројот на продадени билети. Критичарите предупредуваат на здравствените ризици, сообраќајниот хаос и политичките контроверзии од настанот. Хрватскиот туристички одбор советува да не се патува во градот, а петицијата против концертот собра неколку илјади потписи за неколку […]

Германски и австриски печат: Вучиќ е „гробарот на демократијата“, ЕУ мора да го казни


  Сцените од улиците на Србија покажуваат дека властите на Александар Вучиќ немаат никаква врска со прокламираните европски вредности, оценува печатот на германски јазик. Од друга страна, Вучиќ ужива поддршка од ЕУ иако вели дека бунтот се управува „однадвор“. „Обучени полицајци, оклопни како желки, исто така се потат. Цел ден, маскирани службеници на државата во […]

Кирил Петков поднесе оставка и на функцијата пратеник


Поранешниот бугарски премиер и пратеник од Продолжуваме со промената, Кирил Петков денеска поднесе оставка и на пратеничката функција. Претходно Петков на Фејсбук објави дека мирно поднесува оставка и оти нема да се кандидира за нови лидерски позиции во септември, кога партијата Продолжуваме со промената ќе избере ново раководство на Генералното собрание. Тој додаде дека ќе […]

Напнато во Србија: Блокади низ целата земја по апсењето на студенти (Видео)


  Студентите во блокадата повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада на клучните сообраќајници во Белград и други делови од Србија како знак на протест против апсењето на нивните колеги. Физички блокади по тој повод започнаа синоќа кога граѓаните блокираа патишта и раскрсници во Белград, Нови Сад, Ужице, Чачак, Крагуевац, Зрењанин, Смедерево, Суботица, Рума, […]