Сé уште нема договор за законот за јавно обвинителство


И денешната четврта по ред средба меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство со што треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, заврши без договор. Министерката за правда Рената Дескоска посочи дека на средбата било разговарано за две клучни теми: за статусот на СЈО и во делот …

Сé уште нема договор за законот за јавно обвинителство Read More »

Ципрас: Без надомест ќе го штитиме македонското небо


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, при денешната историска посета на Северна Македонија, изјави дека ќе има подобрување на обуката, сајбер-одбраната и военото разузнавање, како и надзорот на македонското небо од страна на грчката авијација. „Надзорот над македонското небо ќе овозможи стабилност во поглед на безбедноста на нашиот сосед, наведе Ципрас. Грција има врвни знаења во авијацијата, …

Ципрас: Без надомест ќе го штитиме македонското небо Read More »

(Галерија) Сопругата на Ципрас на гробот на Зорба


Бети Бацијана, сопруга на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, која е заедно со него во посета на Скопје, околу пладне беше на гробот на славниот Грк, Георгиос Зорба, кој е погребан на гробиштата „Бутел“. Посетата на гробот на Зорба беше во рамките на програмата на сопругата на Ципрас, но тоа беше направено дискретно. Георгиос Зорба живеел …

(Галерија) Сопругата на Ципрас на гробот на Зорба Read More »

(Во живо) Заедничка прес-конференција на Заев и Ципрас


Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна во Скопје, што е прва официјална посета на Северна Македонија на некој грчки премиер. По средбата на Ципрас со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев, двајцата даваат изјави. Проследете ја во живо прес-конференцијата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/333582230843023/UzpfSTE0Nzk4MTc1ODU5NDM1NzoyMjQ2NDg0NzUyMDc3Mzcw/

(ФОТО) Утринска јога со Силјановска на брегот на Охридското Езеро


Гордана Силјановска – Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го искористи убавиот сончев ден преку практикување јога – вежби на брегот на Охридското Езеро да собере енергија за престојните активности поврзани со предизборната кампања. – Јогата е комуникација со себе, со другите, јогата е размена на позитивна енергија потребна во ова време-невреме. Живееме во …

(ФОТО) Утринска јога со Силјановска на брегот на Охридското Езеро Read More »

(Фото) Стилот на Заев и Ципрас во Скопје: Вратоврската ги раздели


Ципрас лежерен без вратоврска, Заев сериозен, со црвена кравата. И двајцата во добро скроени тегет костуми, закопчани, во бела кошула. Елегантни, денес, во Скопје, за првата историска посета на грчки премиер на Македонија. Моден додаток им беа насмевките и доброто расположение и селфи фотки за долго сеќавање. Вратоврската и во политиката и во животот ги …

(Фото) Стилот на Заев и Ципрас во Скопје: Вратоврската ги раздели Read More »

Пендаровски ја почна кампањата со песна на Дуке Бојаџиев


Стево Пендаровски, кандидат за претседател, зад кого застанаа 30 политички субјекти, меѓу кои и СДСМ, на првиот ден од кампањата промовираше песна и спот под наслов „Сите едно пееме“, како дополнување на неговиот слоган „Заедно напред“. Од СДСМ велат дека спотот носи силна визуелна поткрепа од убавините на нашата земја, планинските врвови и реки и …

Пендаровски ја почна кампањата со песна на Дуке Бојаџиев Read More »

Ципрас и Заев правеа селфи пред Влада


Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна во прва посета на нашата земја, а пред Владата го пречека премиерот Зоран Заев. Двајцата премиери направија историско селфи пред Владата. При пристигнувањето на премиерот Ципрас пред Владата во Скопје, не беа интонирани грчката и македонската химна, наводно поради доцнење на церемонијата.

Сведоштва на измамени: Ни денар не зедовме од „Допир“


Деца болни од церебрална парализа и Даунов синдром, кои се надевале дека ќе им помогне фондацијата „Допир“, чиј основач е Миле Шулевски, односно ќе собере пари за да заминат и да се излекуваат во странство, останале без ниту еден денар помош од фондацијата и добиле само загубено скапоцено време. Според сведоштвата на дел од измамените …

Сведоштва на измамени: Ни денар не зедовме од „Допир“ Read More »

Ципрас доаѓа без вратоврска, без предрасуди и со многу елан


Алексис Ципрас ќе слета денеска на аеродромот во Скопје, со што во досегашната турбулентна хронологија на македонско-грчките односи ќе биде запишан како прв премиер на Грција кој допатувал во официјална посета на земјава. Неговата посета значи остварување на она што се чинеше малку веројатно во првите години од независноста, а што стана невозможно во 2006 …

Ципрас доаѓа без вратоврска, без предрасуди и со многу елан Read More »

Коцката е жива болест- те привлекува и те остава во немилост


Коцката е жива болест. Викаат можеш да испиеш колку сакаш, да бркаш жени колку сакаш, сè проаѓа, ама коцката никако, вели скопјанец, кој е загрижен за своето детe, кое, како што признава, најголем дел од времето го минува во казината и во спортските обложувачници. Самиот тој, кога бил млад, многупати си ја пробал среќата во …

Коцката е жива болест- те привлекува и те остава во немилост Read More »

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“


Апелацискиот суд Скопје ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев  и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд. -Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда …

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“ Read More »

Ципрас: Мојата посета во Скопје е од историско значење


Ако мојата влада се плашеше од политичката цена, не ќе можеше ниту да ја извади земјата од кризата и економските програми, ниту да најде решение за осигурителниот систем, ниту да се справи со бегалската криза, ниту да го реши името, ниту да го промовира неопходниот дијалог со Турција и покрај големите тешкотии, ниту да ги …

Ципрас: Мојата посета во Скопје е од историско значење Read More »

Џафероски: Пироманството мора да се изедначи со тероризам


Со над 500 пожари во март, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување многу често се гледаат на македонското небо. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, вели дека пожарите се подметнуваат смислено, за да се добие дрво за огрев, како и поради палење стрништа и сува трева. Бара ригорозни казни за потпалувачите, …

Џафероски: Пироманството мора да се изедначи со тероризам Read More »

Скопје – Будимпешта – Виена: Дали Мицкоски го одминал Груевски?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ деновиве патувал за Виена, преку Будимпешта, но не се сретнал со својот претходник на лидерската позиција во партијата, Никола Груевски, кој бегајќи од правдата во Македонија доби азил во Унгарија. По пат, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, бил следен од возило „бентли“, сопственост на братучед на премиерот Зоран Заев. Со вакви информации …

Скопје – Будимпешта – Виена: Дали Мицкоски го одминал Груевски? Read More »

Првоаприлски старт на претседателската кампања: Нема да се лажеме!!!


Предизборната кампања за претседателските избори закажани за 21 април и официјално почнува денеска – на денот на шегата или како што го нарекуваат некои – денот на лагата. Совпаѓањето на двата датума беше џек-пот во рацете на граѓаните за дополнителна тривијализација на предизборната трка со оглед на нивната разочараност и изневереност во поглед на големиот …

Првоаприлски старт на претседателската кампања: Нема да се лажеме!!! Read More »

УЈП почнува со доставување на претпополнетите годишни даночни пријави


Управата за јавни приходи од денеска ќе почне да ги доставува претпополетите годишни даночни пријави на даночните обврзници за приходи остварени во 2018 година. Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна …

УЈП почнува со доставување на претпополнетите годишни даночни пријави Read More »

Зградите на Владата и други институции ќе светнат во сино за Светскиот ден на аутизмот


Во пресрет на 2 Април – Светскиот ден на аутизмот вечер во 20 часот во сина боја ќе бидат осветлени зградите на Владата, на Археолошкиот музеј, на МОБ, објектите на општините Тетово, Битола и Охрид, во знак на солидарност со децата со аутизам. Активноста е на иницијатива на Амбасададата на Република Бугарија во Скопје, а се …

Зградите на Владата и други институции ќе светнат во сино за Светскиот ден на аутизмот Read More »

Еден мигрант почина, а шест се повредени откако возачот ги исфрлил од возило


Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ утринава во 4:30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска Река, го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди. Како што соопшти МВР, по кажување на мигрантите, тие …

Еден мигрант почина, а шест се повредени откако возачот ги исфрлил од возило Read More »