(Фото) Македонски автобус хит во Бугарија: Удри во надвозник и стана „кабрио“


Двајца шофери од Македонија минале без повреди во бизарен инцидент што утрово се случи во Пловдив. Бугарските медиуми пишуваат дека автобусот, во кој немало други патници освен двајцата возачи, удрил во надвозникот и останал без горниот дел.

По социјалните мрежи се шегуваат дека автобусот сега станал „кабрио“ и е подготвен за летната сезона.