Жител на Визбегово почина при менување греач на шпорет

Четириесет и двегодишен жител на Визбегово почина од струен удар. Инцидентот се случил вчера околу 12.10 часот на на улицата „5“ при обид да смени греач на електричен шпорет во кујна, информираат од СВР Скопје кои извршиле увид на лице место.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.