Приведен поранешниот директор на централниот регистар, Андреа Поповски


Приведен е поранешниот в.д директор на централен регистар, Андреа Поповски и најмалку 4 други вработени во Централниот регистар. Засега не се открива за што точно се осомничени. Појаснување за ова, финансиската полиција најавува за утре. Поповски е кадар од ВМРО-ДПМНЕ и беше на чело на централен регистар три години, од 2014 до 2017 година.

ФЗОМ: Од септември, прво лична карта – па лек


Во насока на целосно обезбедување лекови на рецепт кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, што е еден од главните приоритети на Владата, а со оглед на тоа дека повеќе години наназад истото претставува проблем за нашите осигуреници поради постоењето на квоти на аптеките, односно финансиски лимити за аптеки […]

Заев: Зголемено учеството на извозот во БДП


Учеството на извозот на стоки во БДП од 2012 година е зголемен за 50 проценти. Нашата држава е на добар пат, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил. -Извозот на стоки во 2012 година учествувал во Бруто домашниот производ во Северна Македонија со 30,4 отсто, а во 2018 година е зголемен за 50 отсто […]

Хорор во Скопје: Тело на мртва жена најдено во вреќа


Вчера во 16,05 часот во СВР Скопје, машко лице пријавило дека на патот кон село Горно Оризари додека извршувал работни задачи во нива која била во близина на патот, пронашол црна вреќа во која имало човечки труп. По наредба на јавен обвинител телото е пренесено во Судска медицина за понатамошна постапка. Утврдено е дека се […]

Евробарометар: Македонците се за ЕУ, најголем проблем им се економијата и невработеноста


Белгија – Довербата на граѓаните на Северна Македонија во ЕУ е 57 отсто и бележи намалување од шест отсто во однос на есента минатата година. Сепак, 68 отсто сметаат дека членството во ЕУ би било многу добро за земјата, наспроти 16 проценти кои имаат спротивен став. Дека земјата ќе има корист од зaчленувањето во ЕУ сметаат […]

Скопје не може да спие од хормоналните возачи


Иритирачките звуци на мотоциклите и автомобилите што со голема брзина се движат по скопските булевари се секојдневје за скопјани. Бучавата што ја прават возилата, особено од туража при трки по улиците, носат задоволство само за оние неколкумина што се дрзнале да се мерат кој е побрз или повешт возач на мотор или автомобил. За сите […]

Заев го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ: Партијата што донесе неправда сега да гласа за СЈО


Сите политички субјекти да ги поддржат решенијата со кои се заокружуваат реформите, за конечен пораз на „заробената држава“, за борбата против криминалот и корупцијата, за општество во кое никој нема да биде привилегиран и амнестиран, порачува премиерот Зоран Заев во обраќањето до јавноста по повод последните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство и Предлог-законот за […]

Дејвид Гарет за „Независен“: Да свириш на „страдивариус“ е сон


Со добриот изглед и брендираната гардероба е модна икона во светот на класичната музика. Паганини меѓу поп-ѕвездите и Џими Хендрикс меѓу виолинистите, Дејвид Гарет (38) е „ѓаволски виолинист“ од нашата ера, меѓународна суперѕвезда која ги заматува линиите меѓу Моцарт и „Металика“. Заслужен за развој на модерниот кросовер тренд и стилски флексибилен, успешен е во широкиот […]

Нова несреќа на скопската обиколница, повредени двајца полицајци


Двајца полицајци во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу пет часот на обиколницата во Скопје. Според Министерството за внатрешни работи, сообраќајката ја предизвикал 30-годишен жител на тетовското село Одри. Тој, управувајќи автомобил „бмв“ удрил во возило „шкода јети“, во кое биле двајца полициски службеници. Сите тројца се повредени. „Полицајците се здобиле со повреди и […]

Министерството за правда бара од Кривичниот суд да се произнесе за екстрадицијата на Морина


Министерството за правда на Република Северна Македонија до Основниот кривичен суд – Скопје, доставило барање со целокупната пропратна документација за произнесување на Судот во однос на постапката за екстрадиција на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Томор Морина, за кој на 25 јули годинава беше прифатен предлогот за определување мерка притвор заради екстрадиција […]

Антикорупциска ги разгледува тендерот на Рашковски, дивоградбата на Усеини и платформата на Матка


Антикорупциската комисија денеска соопшти дека отвора предмет за јавната набавка за инсталација на радарскиот систем за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Антикорупционерите ќе ја испитуваат и дивоградбата кај чинарот во Охрид, која е во сопственост на советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, […]

(Видео) Заев: Ова е време на конечен пораз на „заробената држава“


Премиерот Зоран Заев имаше видео обраќање пред јавноста во врска со новиот предлог-закон за Јавно обвинителство. Ви го пренесуваме обраќањето во целост: „Почитувани граѓани, Сакам да ви се обратам по повод последните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство и Предлог законот за јавното обвинителство. Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите […]

Први се укинуваат квотите во аптеките во туристичките места, наесен во целата држава


Во август ќе бидат укинати квотите во аптеките во регионите на туристичките места во Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен, а тоа значи дека за секој лек кој ќе биде издаден на рецепт, тој ќе биде реализиран од страна на Фондот. На овој начин почнува укинувањето на квотите во сите аптеки […]

Гоце Делчев, сепак, ќе почека


Вонредна средба на заедничката Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, на која би се забрзал процесот за решение на недоразбирањата околу ликот и делото на Гоце Делчев, нема да има. За тоа не постојат технички услови, а нема ниту потреба од такво нешто, вели за „Независен весник“ Драги Ѓоргиев, шеф на […]

Додека трае пазарот за пописот и за СЈО: Заев и Мицкоски заминаа на одмор


Иако најавена за изминатиот викенд, се одложи средбата на работните групи на власта и на опозицијата за пописот. Нова средба не е предвидена за неделава, па членовите на преговарачките тимови заминаа на одмор. На одмор во Грција, односно Хрватска ќе одат  лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, кои […]

Мицкоски до Заев: Ајде на избори, па да видиме колку блескаш


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понуди два термини за предвремени парламентарни избори. Според него, тие би требало да се одржат на почетокот на април или кон крајот на мај другата година. „Предвремените избори се одлична можност Зоран Заев да провери дали навистина блеска или блеска само во друштво кога е со неколкумина негови обожаватели. Ние […]

Времето е живот: Кедев и Цветанова се искачија на швајцарскиот врв Монк


Швајцарија- Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова и реномираниот кардиолог Сашко Кедев го искачија швајцарскиот врв Монк (4.107мнм). Цветанова на Инстаграм објави заедничка фотографија од врвот Монк. За кардио-хирургот Сашко Кедев кој своевремено беше и кандидат за претседател на Македонија е познато дека е вљубеник во планинарењето,а се чини таа љубов ја пренел и на […]

Ѓоргиев не прифаќа вонреден состанок на заедничката комисија со Бугарија


По најавите од претседателот на Комисијата за историски прашања од бугарска страна, Aнгел Димитров дека ќе побара вонреден состанок до крајот на август, историчарот Драган Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели дека такво нешто не прифаќа. – Не прифаќаме вонреден работна средба. […]

Нов масакр во САД: Девет убиени во Дејтон


Само 24 часа по масакрот во Тексас, кога беа убиени најмалку 20 лица, САД се потресени од ново злосторство. Девет лица се убиени, а 16 повредени во ново пукање во Дејтон, Охајо. Според непотврдени информации, напаѓачот, кој го извршил нападот со пушка, е неутрализиран. Вчера, во трговски центар на „Волмарт“, во Тексас се случи незапамтиво […]

„Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“


Српските медиуми посветуваат големо внимание на случајот со косовскиот државјанин Томор Морина, кој беше притворен во Македонија поради потерница од Интерпол и барање на српските власти за злосторства во Косово во 1999 година. Белградски „Б92“ со наслов: „Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“ пишува за изјавите на вицепремиерот Бујар Османи, кој, практично се […]