Роденден на „Охридско лето“: Концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Антички


Фестивалот „Охридско лето“ веќе по традиција својот роденден 4 август го одбележува со несекојдневни доживувања, нудејќи содржини малку поинакви од вообичаениот фестивалски концепт, со концерти насочени кон привлекување поширок аудиториум. Нашата најреномирана и најголема музичко-сценска манифестација овој 59-ти роденден ќе го прослави вечерва со концерт на познатите уметници на гитара Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ […]

Во фирмите врз основа на поврат на ДДВ вратени 14,5 милиони денари


Над 14,5 милиони денари од почетокот на годината заклучно со јули државата врати кај фирмите врз основа на поврат на ДДВ. Заменик-министерката за финансии Ширет Елези изјави дека во стопанството се вратени 1,8 милијарда денари повеќе во однос на претходната година. – Во текот на овој период до фирмите имаме повратено над 14,5 милијарди денари, што во споредба со претходната година е 1,8 […]

Илинден 2019: Пораки за помирување и повик за избори


Пораки за помирување и единственост пред крупните и стратешки цели – членството во НАТО и ЕУ, беа клучни поенти во вчерашните обраќања на државниот врв, на трите места на кои се одбележува Денот на Републиката – 2 Август Илинден. На чествувањето во Скопје, кое првпат се одржа пред претседателската вила на Водно, претседателот Стево Пендаровски […]

Заев: Мечкин Камен да биде камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање


Химната и Републиката се заедничкото на Илинденците од двата Илиндена. Хероите од нашата химна, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански, како и оние од НОБ, опеани во партизанските песни, се бореа за Републиката. И првите Илинденци и вторите, се бореа за иднината, а не за минатото, затоа и ние денеска, сите заедно, сме […]

(Во живо) Обраќање на премиерот Зоран Заев на Мечкин Камен во Крушево


ВО ЖИВО – директен пренос од обраќањето на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на Мечкин Камен во Крушево, по повод националниот празник 2 Август – Илинден. Претходно премиерот Заев се поклони на гробот на Никола Карев. „Чествувањето на Денот на Републиката го започнавме со поклонување на гробот на Никола Карев во крушевскиот Македониум. […]

Пендаровски: Нема друга алтернатива освен граѓанско помирување


Карактерот на еден народ се вреднува според предизвиците со кои има храброст да се соочи. За време на Втората светска војна, граѓаните на Македонија имаа храброст да се соочат со најголемото зло на 20 век – фашизмот и нацизмот и да ја ослободат својата татковина. Најголемиот предизвик за нас денес е граѓанското помирување. Патот до […]

Џафери: „Сите сме деца на Илинден“ е концепт на заедничките вредности што ги славиме


Кога ги одбележуваме двата Илиндена и кога изразуваме неизмерна почит и благодарност до сите Илинденци, сакам од ова место да се заблагодарам на сите граѓани на Република Северна Македонија за нивната истрајност, за нивната лојалност и за одговорното пренесување на аманетот на Илинденците, впрочем, вие само го потврдувате тоа што го велите и слоганот за […]

Ден на Републиката – одбележување на двата историски Илиндена


Под слоганот „Сите сме деца на Илинден“  денеска се чествува Денот на Републиката – 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната свеченост ќе се одржи во Крушево, каде делегација предводена од премиерот Зоран Заев ќе положено цвеќе на споменикот на Мечкин Камен. Точно напладне по интонирањето на државната […]

Сеад Кочан со полиција спроведен во „Идризово“


Осудениот бизнисмен Сеад Кочан вечерва од приватна болница каде наводно се лекуваше, полицијата го однесе во затворот „Идризово“ на издржување на казната од четири години и осум месеци затвор на којашто е правосилно осуден во случајот „Труст“. Судија за извршување на санкции го отфрли и неговото последно барање за одложување на затворската казна и вечерва […]

Мечкин Камен – бојно поле за докажување патриотизам


Веќе како по традиција, во исклучително поларизирана атмосфера се  пречекува 116-годишнината од Илинденското востание и 75-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, кога се удрени темелите на македонската држава. Прославата годинава е под мотото „Сите сме деца на Илинден“, но според сите најави она што ќе се случува во Крушево инстантно ќе го пречкрта тоа „сите“ […]

Богоев го кани Милошоски во Карпош да види дека општината не е поврзана со „Рекет“


Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев не се вклучени во никакви незаконски активности во врска со случајот „Рекет“, се наведува во соопштението што го испрати до медиумите Одделението за односи со јавност во оваа скопска општина. -Во име на транспарентноста и отворената комуникација што општина Карпош ја води со граѓаните, по низата шпекулации и лажни […]

Мицкоски: Со Груевски немам контакт откако Заев го пушти да си оди


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера се врати од дводневната посета на Будимпешта и Виена. Во главниот град на Унгарија имаше средба со тамошниот премиер, Виктор Орбан, додека во Австрија беше поради размена на искуства и информации поврзани со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Веќе утре во петок, ќе присуствува на […]

Борисов: Нема да ве блокираме во ЕУ, ама до октомври мора да се најде решение за Гоце Делчев


Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања мора да најде решение за прашањето на Гоце Делчев до октомври, порача денеска во Скопје бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев. -Комисиите мора да постигнат компромис до октомври. Не треба да се пречекори октомври. Комисиите мора секојдневно да работат, рече […]

Судот го одобри во целост обвинението за автобуската несреќа кај Ласкарци


Кривичниот суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци, по што е формиран кривично правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен за натамошно постапување. -Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која […]

Се стега обрачот – околу Јанева, но и околу „белата палата“


„Белиот дворец“ на ВМРО-ДПМНЕ влегува во судница. Одлуката за овој предмет на Специјалното јавно  обвинителство ја донесе вчера Кривичниот суд во Скопје, на јавна седница што се одржа за време на судската ферија и во екот на обновените преговори за новиот закон за јавно обвинителство. По долги одолговлекувања, судот го прифатил обвинителниот акт за „Талир […]

Крушевчани ги пречека илинденските коњаници


 Со леб и сол, со поздрав и аплауз, крушевчани вечерва ги пречекаа илинденските коњаници пред столбот на Крушевската република кај црквата „Свети Никола“ во центарот на градот. Преку 80 коњаници пристигнаа од три страни и се од повеќе места. Меѓу нив се коњаниците од Горно Лисиче, од манастирот Бигорски, од Кичевско. Крушевскиот градоначалник Томе Христоски […]

И Зоки Кичеец пренесен во болница


По Боки 13-ка и Зоки Кичеец ги посети хируршките клиники, јавува Телма. Попладнево Зоран Милевски од затворот во Шутка бил спроведен на клиниката за дигестивна хирургија каде по прегледот бил вратен во притвор. На барање на затворскиот доктор бил одобрен преглед на Милевски но не откриваат какви здравствени проблеми има осомничениот од аферата Рекет ниту […]

Параглајдерист падна врз возило во Љубаништа


На 30-ти јули 2019 година, во 15:34 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во охридското село Љубаништа паднал параглајдерист, јавува Охрид прес. – Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15:20 часот, при слетување на плажата со параглајдер, 57-годишниот Д.J.Р. од САД, […]

Нефи Усеини ги боксува институциите – тие чекаат партиски амин!


„Охридскиот бисер“ на ДУИ, Нефи Усеини, никако да се симне од насловните страници на медиумите. Тазе излезен од партиската школка, барем за поширокиот дел од јавноста, јавно се гордее со своите тешко стекнати дивоградби и притоа лесно решава работите да ги расчистува со закани и тупаници. Човекот чијашто фирма „Нефи Ик“ за две години, од […]

Парното поевтинува во просек за 150 денари


Трошоците за централно парно греење во Скопје од следниот месец поевтинуваат за 6 отсто, односно во просек сметка од 2.000 денари, се намалува за 150 денари, појасни денеска Марко Бислимовски од Регулаторната комисија за енергетика. Поточно за шест отсто се намалуваат сметките за парно на корисниците од БЕГ, додека потрошувачите во Гази Баба и населбата […]