Бернс на Твитер: Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото

Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, порачува американската амбасадорка Кејт Бернс во статус на Твитер, споделувајќи ја вчерашната објава на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата.

-Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, напиша Бернс на Твитер.