Катица Јанева се врати на работа, нема добиено покана за распит во ЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е вратена од годишен одмор и од денеска е официјално на работа, но засега не е повикана да даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.

Од СЈО за МИА потврдуваат дека Катица Јанева денеска се јавила редовно на работа, по завршување на годишниот одмор и дека се уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство да се јави на распит.

Во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“ беа споменати СЈО, Катица Јанева и обвинителката од СЈО Лиле Стефанова.

Стефанова, која го води предметот „Империја“, е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“.