Функционер меѓу осомничените за криминал со Боки 13


Пет физички лица и едно правно лице се осомничени во истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за контроверзиите околу „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски алијас Боки 13. Меѓу нив е и функционер од власта, кој го искористил својот углед и авторитет за оштетените да стекнат впечаток дека зад понудените […]

Пендаровски: Очекуваме јасна покана за почеток на пристапните преговори


Очекуваме јасна покана за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Свесни сме за предизвиците со кои се соочува ЕУ, како и за дебатите за проширување, но секое одолговлекување на европските перспективи на регионот значи потенцијално отворање простор за други актери, вклучително и безбедносни, кои не нудат одржливи алтернативи на ЕУ и НАТО. Ова денеска […]

Се проширува истрагата за „Рекет“, осомничени уште четворица


Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески најавува проширување на истрагата за случајот „Рекет“, еден ден поднесувањето на обвинението за еден дел од истрагата за оваа корупциска афера. Осомничени се пет лица, а постапка се води и против едно правно лице кои биле вмешани во трансферот на парите во износ од 720.000 евра преку две фирми до […]

Холандија е за раздвојување на Северна Македонија и Албанија, но нема да става вето


Холандија бара Албанија и Севернa Македонија да бидат третирани одвоено во однос на отворањето на пристапните преговори за членство во Европската унија, за што ќе се расправа на состанокот на Советот на министри во Луксембург на 15 октомври, а конечната одлука треба да биде формализирана на 18 октомври од Европскиот совет. Ваквиот став произлезе од […]

Венецијанската комисија внесе немир во коалицијата


Додека функционери на ДУИ се обидуваат да го релативизираат првичното мислење на Венециската комисија за Законот за употреба на јазиците, премиерот Зоран Заев изрази подготвеност Владата да ги спроведе забелешките на експертите во врска со регулативата чие донесување произлезе од договорот што тој го постигна со Али Ахмети пред формирањето на коалицијата. Сепак, сите во […]

Заев на вечера со „Еколог“ – сервиран и Срѓан Керим


Неодамнешната фотографија од Њујорк, на која премиерот Зоран Заев е на вечера заедно со Срѓан Керим, предизвика бура во јавноста бидејќи станува збор за човек што беше исклучително близок со поранешната власт на Никола Груевски и личност против која се водеше постапка за финансиски злоупотреби во МПМ, кое ги издаваше и ги згасна „Утрински весник“, […]

Скопската елита на изложбата на Рубенс Корубин: Волшебни слики на мајсторот на четката


Како скапоцени камења на накитот на една префинета дама, така и уметничките слики на мајсторот на четката, Рубенс Корубин синоќа во Чифте амам светеа и ја маѓепсуваа скопската културна елита која во огромен број дојде да му оддаде почит на великанот на македонското сликарство. Последниот рененсансен човек и сликар чија уметност ја плени душата и […]

Заев најавува предвремени избори во редовен рок


Премиерот Зоран Заев уште еднаш најави дека следните парламентарни избори, веројатно, ќе се одржат во октомври следната година или точно за една година. При посета на фабриката „Маркарт“ во Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има предвремени избори, Заев одговори потврдно, посочувајќи дека предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020 година, односно […]

Мицковски: Искрено посакувам безусловен датум за преговори со ЕУ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва во интервју за телевизија 24 изјави дека искрено посакува државата да добие датум за отпочнување на преговори со Европската унија. Рече дека како партија ќе работат кај сестринските партии навистина тоа да се случи и државата да добие безусловен датум. Доколку датумот биде условен, тогаш, како што рече, тоа […]

Со препукувања меѓу власта и опозицијата заврши вториот ден од собраниската расправа за ребаланс на Буџетот


Со реплики и контрареплики помина и вториот ден од дебатата во Собранието за ребалансот на Буџетот. Пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа околу реализацијата на капиталните инвестиции, странските инвеститори, проектот „МојДВВ“, како и околу тоа кој колку вложувал во културата. Во попладневниот дел од расправата стана збор и за проектот „Скопје 2014“. Пратениците […]

Глумци, пејачи, археолози, библиотекари… со последно предупредување пред штрајк


Стотици културни работници од сите национални установи од земјава, предводени од Синдикатот на културата (СКРМ), маршираа со последно предупредувачко барање да се донесе Колективен договор. Доколку не се испочитува нивното барање, ќе има штрајк. Претседателката на Синдикатот и актерка од Драмскиот театар, Сања Арсовска, на стартната точка во паркот „Ибни Пајко“, порача: „Излеговме да маршираме […]

Катица Јанева одлучила да не дава исказ за „Рекет“


Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева одлучила да не дава исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, пред обвинителката Вилма Русковска. Нејзиниот адвокат, Дељо Кадиев вели дека заедно со Јанева одлучиле таа да не дава исказ во оваа фаза на постапката. Ваквата одлука Кадиев ја образложува со тоа што Јанева има законско […]

Заев: Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020


Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020 година, односно 45 дена пред редовните, изјави  премиерот Зоран Заев при денешната посета на фабриката „Маркарт“ во Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има предвремени избори и дали веќе е отпочната изборната кампања. Заев нагласи дека интенција на Владата, секој ден, недела и месец, е да покаже […]

Пендаровски: И Скопје и Тирана треба да почнат преговори со ЕУ


Ставот на целокупниот државен врв, премиерот, министерот за надворешни работи и мојот секојпат бил двете држави да ги почнат преговорите, изјави денеска шефот на државата Стево Пендаровски, во врска со најавите дека денеска Холандија треба да ја изгради својата позиција. Според информациите на Ројтерс, објавени минатиот викенд, Германија предлага одвојување на Северна Македонија и Албанија […]

Заев: Подготвени сме да го имплементираме мислењето на Венецијаската комисија


Како институција сме подготвени да го имплементираме мислењето на експертите на Венецијанската комисија за Законот за јазиците, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на фабриката за производство на електрични свичови за автомобили „Маркарт“ во велешкото село Каласлари. Тој додаде дека се работи за драфт верзија на текстот. -Сето тоа што […]

Пендаровски: Бугарија сигурно нема да го блокира датумот


Елементите на бугарската позиција во однос на натамошниот процес на интеграцијата на Северна Македонија се внатрешно-политичка работа на една земја-членка на Унијата и таа позициија со сигурност нема да биде изнесена на претстојниот Европски совет, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски. Тој одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите дека Бугарија утре ќе ги најави […]

Алијансата ќе ја руши ДУИ на крилјата на Курти


Изборите на Косово, кои донесоа значајни политички промени ставајќи ја опозицијата предводена од движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на чело, а потиснувајќи ги притоа првпат по завршувањето на војната политичките фигури што произлегоа од шинелот на УЧК, отворија низа дилеми во јавноста. И тоа не само околу решавањето на српско-косовското прашање, кое е исклучително важно […]

ДКСК ќе постапува по службена должност, ако АНБ не преземе мерки за судирот на интереси


Најзначајната улога на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е да има  превентивна улога. Многу е добро што директорот на АНБ се обрати до нашата институција и побара мислење. Во мислењето ние кажавме дека вработување на блиски лица во иста институција е судир на интереси. Ова е одговорот од претседателката на ДКСК Билјана Ивановска […]

93 земји во трката за Оскар за најдобар интернационален филм


САД– Филмови од 93 земји во светот се во трката за Оскар за за најдобар интернационален филм, што е рекорд, соопшти Академијата за филмски уметности и наука. Македонски претставник е документарецот „Медена земја“ на Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Во оваа категорија, најмногу награди има освоено Италија-14, а најмногу номинации има Франција- 37. 92-то доделување […]

Фракционерски битки или „атомизирање“ на ВМРО-ДПМНЕ


Новата партија што би произлегла од ВМРО-ДПМНЕ од старт би можела да смета на неколку пратенички места, според проценки на познавачи на состојбите во политичката десница. Но, за да се реализира тоа, треба да се исполнат неколку предуслови: прво – да се конституира новиот политички субјект, а второ – тоа да се случи во најкус […]