Заев: Четири месеци барав средба со Макрон, за жал безуспешно


„Барав средба со претседателот Емануле Макрон и преку францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние четири месеци – но безуспешно. Секогаш посакувам средба со претседателот на Франција, голема земја и голем пријател на Северна Македонија, верувам дека во иднина ќе имаме можност да разговараме“, вели премиерот Заев. Тој се надева дека одлуката на Франција може да се коригира и оценува дека била резултат на внатрешните случувања во земјата. По блокадата во Брисел, Макрон најави дека скоро ќе ги посети Северна Македонија и Албанија.

Договорот од Преспа беше услов за ЕУ и НАТО, нагласува Заев, но сепак додава дека иако не добивме датум за старт на преговорите, договорите со Грција и Бугарија треба да се имплементираат.

Како што вели тој треба да градиме пријателства и добрососетство, а не да се караме со соседите. Затоа вели, по Договорот од Преспа добивме пријател, а тоа е Грција со кој има голем потенцијал за соработка во секое поле.