Комисијата за заразни болести ќе одмерува дали изолацијата за ковид позитивните ќе биде седум дена


На почетокот на неделава се очекува да биде познато дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена. Препораката ја донесе Комисијата за заразни болести, а според најавите, се очекува таа денеска да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а во вторник да биде на владина седница. Министерот за здравство Беким Сали […]

Интервју со Маја Морачанин: Нападите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа револт и отпор кај нас


  ВМРО-ДПМНЕ со нападите врз ДОМ, ЛДП и ДС одбра стратегија како да стигне до предвремени избори откако не успеа да направи ново парламентарно мнозинство. „Но, лоша им е тактиката. Тоа предизвикува многу повеќе отпор и револт кај сите, во сите партии и кај нашите поддржувачи“, вели лидерката на ДОМ, Маја Морачанин во интервју за […]

ЕУ најави брзи и големи санкции доколку Русија ја нападне Украина


  Европската унија ќе биде подготвена да воведе санкции против Русија „во рок од неколку дена“ ако има воен напад врз Украина, изјави висок функционер, додека нестабилната безбедносна криза влегува во нова критична фаза. Министрите за надворешни работи на ЕУ, кои ќе се состанат во понеделник во Брисел, се очекува да упатат дополнително предупредување до […]

Донирани органи од лице кај кое било потврдена мозочна смрт, подарен живот за најмалку тројца пациенти


Едно храбро семејството вчера одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт. По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега, соопштија од Министерството за здравство. Од […]

Интервју со Таки Фити: Трите „зла“ во економијата се малку веројатни на краток рок истовремено


  Појавата на кризата условена од пандемијата со Ковид–19 во февруари 2020 година, предизвика силен краткорочен пад на економската активност и намалување на цената на енергијата во глобални рамки. Меѓутоа, во 2021 година, паралелно со процесот на заздравување на економиите, цените на енергенсите, во прв ред на природниот гас и на електричната енергија, почнаа брзо […]

Резолуција во Конгресот за славење на македонскиот јазик и наследство


  Во Конгресот на САД е покрената резолуција  за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите Држави. Она што е интересно, е дека во образложението на резолуцијата е дадена цела истографија на придонесот на […]

Поштенска марка со ликот на Тоше Проески во чест на неговиот роденден


АД „Пошта на Северна Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да купите поштенска марка, ФДЦ коверт, максимум карта и масовен коверт. Филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта www.postashop.mk. Поштенските марки се вечен паметник. […]

ВМРО-ДПМНЕ прави раздор во малите партии за да дојде до избори


  ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени парламентарни избори без техничка влада, и со тоа изборите да можат да се распишат во најкраток можен рок, без услов од 100 дена. Така, според оваа партија, ќе се заштеди на време и новата влада ќе може бргу да почне да се справува со предизвиците пред кои […]

Наредните денови многу студено, утрата и до -15


Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за […]

ЕСМ од денеска го презема управувањето со БЕГ


Откако Владата вчера го одобри текстот на Договорот за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ), од денеска ЕСМ треба да го преземе управувањето со топлинската енергија. – Согласно овој договор, БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ […]

Џо Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина


  Џо Бајден рече дека мисли оти Русија ќе ја нападне Украина, предупредувајќи дека Москва ќе се соочи со „тешка цена“, но тој призна дека НАТО е поделен околу тоа како да одговори ако има само „мал упад“. Белата куќа беше принудена да издаде избрзано појаснување до последната точка, велејќи дека секое движење на руските […]

На кој јазик Коста Рацин ја пишуваше „Бели мугри“?


Ако македонскиот јазик се создал по диктат на Белград, како што тврдат великобугарите на кој јазик ги пишуваше Рацин „Ленка“, „Тутуноберачите”, на тие песни што уште кога се јавија, се разнесоа насекаде по Македонија, трогнувајќи го до солзи срцето на нашиот работен народ Ние знаеме веќе дека викањето против еден литературен јазик како тој бил […]

Што предвидува идната соработка меѓу Македонија и Бугарија


  Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје и најавената заедничка седница на двете влади на 25 јануари во Софија се јавниот политички дел од очигледно подолго време подготвувана деескализација на односите меѓу двете држави и поставување на соработката на нов колосек. Тоа, во крајна линија би требало да доведе до кревање на блокадата […]

(Галерија) Групно фаќање на крстот во Вардар


По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода” кај  „Холидеј ин“ во Скопје денеска се одржа традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст. Поради пандемијата, бројот на пријавени граѓани кои влегоа во водите беше ограничен на 20-тина, а по претходен договор меѓу капачите, немаше традиционало скокање по крстот, туку сите […]

Петков: Можно е да се менува составот на Историската комисија


  На средбата со бугарските новинари кои известуваа за неговата посета на Скопје, премиерот Кирил Петков изјавил дека е можно да се менува составот на историската комисија. Колегите од „Дневник“ пишуваат дека Петков немал дефинитивен одговор, но рекол дека „ќе биде потребен нов формат на работа, бидејќи мешовитиот комитет за историски и образовни прашања ќе […]

Ракетен пораст на новозаболени во Македонија – 2.269


  Пандемијата и Омикрон сојот незапирливо се шират и во Македонија – дневните бројки на нови инфекции за прв пат надминаа две илјади. Во последниве 24 часа има 2.269 нови случаи на корона вирусот од 7.038 тестови. Тоа значи дека процентот на позитивни примероци изнесува 32,2 отсто.  Голема е бројката и на починати лица – […]

Бугарија се согласи на кусото име Северна Македонија


  Само што се видоа, македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил Петков се договорија околу едно од спорните прашаења. На заедничката прес-конференција тие објавија дека се договориле Бугарија веќе да не се противи на употребата на скратеното име Северна Македонија и да не инсистира на употреба само на официјалното „Република Северна Македонија“. Тоа беше […]

Лирман: Отворените прашања со Бугарија да се решаваат независно од пристапниот процес со ЕУ


  Германската министерка за Европа, Ана Лирман, денес е првата странска функционерка која има средба со преставници на новоизбраната македонска влада. Таа, откако стапи самата на должноста, како прв странски гостин имаше македонски министер, довчерашниот вицепремиер Никола Димитров, покажувајќи ја посветеноста на Берлин да ѝ се помогне на Македонија во евроинтеграцијата.  По средбата со министерот […]

„Њујорк тајмс“: Србија испробува нови облици на цензура на медиумите


  Кога Ковид-19 пристигна во Источна Европа во пролетта 2020 година, српска новинарка откри голем недостиг на маски и друга заштитна опрема. Набрзо била уапсена, фрлена во ќелија без прозорци и обвинета за поттикнување паника, пишува „Њујорк тајмс“. Новинарката Ана Лалиќ набрзо беше ослободена, па дури и доби јавно извинување од владата во нешто што […]

Како Силјановска-Давкова си го нарушува легитимитетот со тврдењата за владиниот легитимитет


  Има или нема предложената влада на Димитар Ковачевски легитимитет во Собранието е едно од клучните прашања за кои пратениците на опозицијита и власта дебатираат викендов во Собранието. Од политичка гледна точка за стекнување предност во тоа нема ништо невообичаено, ниту лошо. Прашањето е како тие ставови ќе се претстават и поткрепат. Несомнениот уставен експерт, […]