Петков: Можно е да се менува составот на Историската комисија

„Лично јас и Димитар ќе реагираме ако историчарите се против средби еднаш месечно“, им рекол Петков на бугарските новинари во Скопје


Кирил Петков и Стево Пендаровски не разговарале за ОМО „Илинден“

 

На средбата со бугарските новинари кои известуваа за неговата посета на Скопје, премиерот Кирил Петков изјавил дека е можно да се менува составот на историската комисија. Колегите од „Дневник“ пишуваат дека Петков немал дефинитивен одговор, но рекол дека „ќе биде потребен нов формат на работа, бидејќи мешовитиот комитет за историски и образовни прашања ќе се менува наизменично со другите четири работни групи – различна група се состанува секоја недела“.

Историчарите во комитетот мора да се состануваат еднаш месечно. „Кој и да е против вакви средби, ќе веруваме дека има деструктивен начин на работа и лично јас и Димитар Ковачевски ќе реагираме и ќе очекуваме да си ја завршат работата“, рекол Петков.

Премиерот најавил дека ќе има „промена на парадигмата во која ќе се комуницира“ и нема да има периоди без средби.

„Од сега и тие ќе треба да се состануваат барем еднаш месечно и да се фокусираат и прво да разјаснат што веќе сме договориле“.

Запрашан како авио линијата Софија – Скопје објавена денеска, ќе биде профитабилна, Петков објаснил дека министерот Николај Сабев сака да го организира проектот „економски за да не зависи од политичарите, да не биде само политички гест… туку да работи“ – прашање е на капацитетот на авионите, распоредот, поврзаноста со други летови. Целта е да летаат не само делегации и работни групи, туку и туристи.

Петков најавил дека на почетокот, сепак, може да има некаква помош за моделот, иако долгорочно мора да се најде начин да „застане на свои нозе“.

Бугарскиот премиер им рекол на новинарите на средбата со Стево Пендаровски македонскиот претседател му рекол дека ќе направи сѐ што е во негова моќ „што поскоро да има амбасадор во Софија“. Пендаровски рекол дека е веднаш подготвен да го одобри предлогот што ќе му биде претставен, а човекот ќе биде „проактивен, млад, фокусиран на бизнисот“. Македонија речиси две години нема амбасадор во Бугарија.

Петков им рекол на новинарите дека со Пендаровски не било разговарано за ОМО „Илинден“.