(Галерија) Групно фаќање на крстот во Вардар


По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода” кај  „Холидеј ин“ во Скопје денеска се одржа традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст.

Поради пандемијата, бројот на пријавени граѓани кои влегоа во водите беше ограничен на 20-тина, а по претходен договор меѓу капачите, немаше традиционало скокање по крстот, туку сите заедно и прегрнати до дочекаа положувањето на крстот.

„Единство, братство, сплотеност. Крстот ќе биде со сите нас, ние ќе го вратиме во црква и се одрекуваме од сите материјални награди. Оваа година имаме повеќе среќници, а не еден среќник“ порачаа верниците кои беа во водите на Вардар кога архиепиското Г.Г. Стефан го положи светиот крст во водата.

-Крстот ќе биде во сите нас, ние ќе го вратиме во Црква и се одрекуваме од сите материјални награди. Оваа година имаме повеќе среќници, а не еден среќник, порачаа капачите.

(Фото: Борис Грданоски)