Поштенска марка со ликот на Тоше Проески во чест на неговиот роденден


АД „Пошта на Северна Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да купите поштенска марка, ФДЦ коверт, максимум карта и масовен коверт. Филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта www.postashop.mk.

Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на нашата најголема музичка ѕвезда.

Марката (фотографија на Дарко Мораитов), за првпат во историјата на Македонија е испечатена во еден милион примероци, со номинална вредност од 12 денари. Оваа марка, која беше промовирана на 15.12.2007 година, патува низ светот како што патува и неговата музика и неговата песна.