Американски бомбардери го надлетаа Скопје


Американските бомбардери Б-52 го прелетаа нашето небо. Станува збор за воздухопловните сили на САД во Европа и Африка кои го демонстрираа силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.   -Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, […]

Беса победи во Тетово, но генерално сите се губитници. Тетовци се разочарани од политиката


  Еден победник и многу губитници на изборите за Советот на Општина Тетово. Без дилеми, Беса може да биде презадоволна од резултатот на гласањето, но генерално сите политички партии треба да се загрижени од апатијата на гласачите, кои со рекордно нискиот одѕив од 35 отсто покажаа дека политичарите и политиката ја загубија пораката до граѓаните, […]

Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијансата


Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села попладнево на прес-конференција си даде оставка по вчерашниот неуспех на изборите за советници во Советот на Општина Тетово. На прес-конференцијата во Тетово по денешниот состанок на Претседателството на партијата, Села најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот на […]

Убиена ќерката на идеологот на „рускиот свет“ Александар Дугин (ВИДЕО)


Дарија Дугина, ќерката на рускиот  активист и филозоф Александар Гелиевич Дугин, загина во експлозија на џип  во близина на Москва, јави ТАСС, повикувајќи се на Андреј Краснов, шеф на јавното движење „Руски хоризонт“ и познаник на починатиот . Според сајтот Газета.ру, со џипот требало да патува и самиот Дугин, но во последен момент влегол во […]

Половина од водата што влегува во јавните водоводи во земјава „испарува“


Во земјава годишно се произведуваат по 456 литри вода по глава на жител, од кои околу 45 проценти или 212 литри се испорачува/фактурира на корисници. Домаќинствата во просек трошат по 156 литри вода, што е над просекот од 123 литри во Европа. Само во главниот град Скопје, каде според последниот Попис 2021 живеат 28 проценти […]

Ветер од 150 км/час во Пелагонија, невреме во Велес


  Невреме со грмотевици и поројни дождови попладнево е регистрирано во Пелагонија, Велес, Градско и Росоман, информираат од Центар за управување со кризи. – Силна нестабилност е проследена со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер, потенцираат од ЦУК во објава на страницата на Фејсбук. Претходно, како што посочуваат, интензивна нестабилност имаше […]

Во Маврово Ростуше и Центар Жупа постигнат цензус за избор на градоначалник


До 17 часот, излезноста на гласачите на изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше изнесува 44 отсто, a во Центар Жупа 41,71 отсто, со што исполент е цензусот за минимален одѕив од една третина за изборите да бидат успешни. Во Тетово на изборите за совет во општината, до 17 часот излегле 27,79 гласачи, информира Државната […]

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава – ББ со стабилен изглед


  Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што е нотирано во извештајот на Агенцијата, се должи на проактивното креирање политики на Владата на РС Македонија за ублажување на кризата произлезена од руско-украинската војна.Исто така, Агенцијата ги истакнуваи напорите на Владата во […]

Пендаровски на ИФФК „Браќа Манаки“: Уметноста е чин на храброст


  Филмот е глас на комплексните значења на реалноста бидејќи говори во името и на утопиите и на дистопиите, а уметноста е чин на храброст, затоа што нејзината цел не е да ја репродуцира реалноста, туку да не соочи со неа, истакна вечерва во Битола претседателот Стево Пендаровски, кој како покровител го отвори Интернационалниот филмски […]

( Галерија) Тропско лето во Скопје, а ние мислиме на зима


Скопје деновиве се поти на 42 степени, заради топлото време, жешката политика и со „жешките“ мисли како ќе ја преживееме зимата и како граѓани и како економија. Живееме во знакот на  портокалот и како метео фаза и како освежително овошје или сок . Некој е под постојан стрес, а некој дозволува животот да го тера […]

(ВИДЕО) Рускоска не верува дека е сменета под притисок на актуелната влада


Суспендираната јавна обвинителка за организиран криминал и корупција , Вилма Рускоска , откако ја поднесе жалбата за одлуката на Јавното обвинителство да биде суспендирана од функцијата поради незаконско постапување, ја отфрли можноста некој политичар „или политика“  да стои зад неа и дека таа настрадала – затоа што чепнала каде што не треба.  -Го слушав професорот […]

Како Кина ја изгуби централна Европа?


Откако  Естонија и Летонија се придружија на Литванија во излегувањето од иницијативата за соработка на Кина со Централна и Источна Европа, станува јасно дека руската инвазија на Украина ја редефинира глобалната геополитика, особено кинеското учество во регионот. Пред десет години, Кина ја започна својата нова политика кон земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) која […]

Стопанска комора апелира да се зголеми домашното производство на електрична енергија


  Стопанската комора бара од Владата да ги реализира нивните заклучоци презентирани во јули годинава и нагласува дека е потребно да се зголеми домашното производство на електрична енергија и да се искористат сите можни ресурси. При тоа смета дека набавката на јаглен и мазут за ТЕЦ Неготино треба да има апсолутен приоритет веднаш. -За да […]

Милков: Институциите во Македонија да не се користат за репресивни цели


Со PCM имаме шанса да ги решиме проблемите кои постојат со децении, но не беа сериозно адресирани. Сега овие проблеми не се решени, но имаме механизам усвоен од бугарскиот парламент, францускиот предлог, кој е усвоен и од парламентот на РСМ и пред нас е широк терен да продолжиме со работата за расчистување на спорното прашања. […]

Големо невреме во Европа, се зголемува бројот на загинати, погодени и земји во регионот


  Најмалку тринаесет лица загинаа во силните бури што денеска погодија делови од Европа. Две деца на возраст од четири и осум години загинаа во јужна Австрија кога дрвја паднаа во близина на езеро во Корушка. Десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко. Три лица загинаа кога дрво падна уште на север, во Долна […]

Историската комисија реагира: Критиките кон нас се лаги и манипулации


Македонскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања излезе со реакција по многуте напади, спорења, па и проблематизирања на нивната стручност во јавноста. Во неа тие ги нарекуваат „произволни, нестручни и селективни толкувањата“ на историјата од страна на тие критичари. Во реакцијата, што ја пренесуваме интегрално стои: -На 15. август беа објавени […]

Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон


Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. Откако претседателот Стево Пендаровски објави дека маратонот нема да се одржи бидејќи била блокирана сметката на Пливачката федерација на Македонија, почна политичката трка кој ќе застане зад традиционалната манифестација.      „Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како […]

Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата


Претседателот Стево Пендаровски на прославата на 30-годишниот јубилеј на Армијата порача дека по украинското искуство стана јасно дека мора да вложуваме во нејзино унапредување и до 2024 година процентот за издвојување за неа да стигне до НАТО стандардот од 2 отсто, па и повеќе.    „Последниве години, и ние, но и Европа и светот минуваме […]

Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата


Според статистичките анализи на Европската комисија  македонските граѓани се најмалку подготвени од целиот Балкан да се борат за својата држава, без оглед што е многу силна патриотската реторика и на неа водат политика многумина во Македонија.  Според овие податоци само 55 отсто од граѓаните кај нас се подготвени да се борат ако е загрозена државата, […]

Јорданов: Ќе гледаме уште сеир во Македонија


Во националистичките кругови во Бугарија и денес владее воодушевеност од препораките на Историската комисија, иако веќе почнаа да се читаат ставовите и меѓу редови и да се открива дека што и да пишува во нив, историскиот наратив во Македонија останува ист. Меѓу егзалтираните е бугарскиот националистички политичар Александар Јорданов кој за „Труд“ оцени дека – […]