Кралот Чарлс издаде посебно одобрение за Хари да не се разликува од семејството

Како што наведува извор близок до кралското семејство оваа одлука ќе важи само во овој случај.


 

Принцот Хари ќе ја носи својата униформа во текот на бдеењето на кое ќе присуствуваат сите внуци на починатата кралица Елизабета Втора.

Војводата од Сасекс мораше да носи костум на поворката во средата затоа што ги изгуби своите воени титули.

Но, кралот Чарлс издаде посебно одобреие за својот син Хари и одобри да се појави во униформа во текот на 25-минутното бдеење во Вестминстер покрај ковчегот на кралицата.

Како што наведува извор близок до кралското семејство оваа одлука ќе важи само во овој случај.

„Кралот ги повика внуците на кралицата Елизабета да организираат бдеење и му дозволи на Хари да ја носи својата унифирма. Идентичен потег кралот направи и во случајот на својот брат, принцот Ендру кој ги изгуби своите воени титули откако јавноста дозна за неговата вмешаност во скандалот со Џефри Епштајн“, наведено е.

Кралот му одобри на својот брат да носи униформа на бдеењето на кое ќе биде присутен денеска со Чарлс , принцезата Ана и принцот Ендру.

Овој гест е уште еден знак дека кралот Чарлс сака примирје во односите со својот син Хари и неговата сопруга Меган кои отстапија од своите кралски должности и пред две години и се преселија во САД.