Протестот во Охрид за „Цар Борис Трети“ помина со свирежи, но без инциденти (ВИДЕО)


  Во Охрид се одржа протестот пред бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ што го организираше политичката партија „Левица“, а и ВМРО-ДПМНЕ повика на масовност, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти. Според информациите од Охрид, протестот сепак поминал без поголеми провокации и само со довикувања и исвиркувања. Бројот на тие што го …

Протестот во Охрид за „Цар Борис Трети“ помина со свирежи, но без инциденти (ВИДЕО) Read More »

Пругата кон Бугарија конечно излегува од „слеп колосек“


  Пругата кон Бугарија конечно излегува од „слеп колосек“ – до 18 овој месец фирмите кои се избрани ќе почнат со своите активности на првите две делници, а официјално почетокот на градбата ќе се одбележи на 29 октомври оваа година. Парите за овој проект се обезбедени, завршена е и експропријацијата, па доколку сѐ оди според …

Пругата кон Бугарија конечно излегува од „слеп колосек“ Read More »

Кој е Алес Бјалијацки, борецот што ја доби Нобелова награда за мир


  Алес Бјалијацки, шефот на белоруската група за права „Вјасна“, кој беше затворен минатата година, ја доби Нобеловата награда за мир по историските демонстрации и жестокото задушување во неговата поранешна советска земја. Шеесетгодишниот маж беше уапсен во јули минатата година под обвинение за затајување данок, потег што критичарите на белорускиот моќник Александар Лукашенко го гледаа …

Кој е Алес Бјалијацки, борецот што ја доби Нобелова награда за мир Read More »

Во ноември патнички воз ќе ја отвори новата пруга од Битола за Лерин


  БИТОЛА – Најдоцна во ноември ќе свирне возот од Битола до Лерин по новата пруга. Оптимистички се најавите на Македонски железници – инфраструктура, според кои, за еден месец ќе почне да сообраќа патнички воз од Битола до Лерин по новонаправената  железничка пруга Битола-Кременица. Долгоочекуваната вест за враќање на возот од Битола до Лерин, деновиве …

Во ноември патнички воз ќе ја отвори новата пруга од Битола за Лерин Read More »

Во 81 општина во Македонија има само 14 инспектори


Граѓаните од општините очекуваат транспарентност, отчетност и одговорно владеење, сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугата, достапност на услугите и заштита на корисниците, се заклучоците од Истражувањето „Сопствените приходи на општините за обезбедување на квалитетни услуги на граѓаните за време на пандемија, спроведено од страна на Државниот завод за ревизија во соработка …

Во 81 општина во Македонија има само 14 инспектори Read More »

Нобеловата награда за мир за Алес Бјалијацки од Белорусија кој е во затвор


  Белорускиот активист Алес Бјалијацки, руската група за човекови права „Меморијал“ и украинската организација Центар за граѓански слободи се добитници на Нобеловата награда за мир за 2022 година за нивните напори да документираат кршење на човековите права, објави норвешкиот Нобелов комитет. Берит Рајс-Андерсен, претседател на Норвешкиот Нобелов комитет, рече дека судиите сакале да им оддадат …

Нобеловата награда за мир за Алес Бјалијацки од Белорусија кој е во затвор Read More »

Бугарските негирања не поминаа во Стразбур


Амандманите на бугарските пратеници Александар Јорданов и Сергеј Станишев,  кои побараа да се избрише од препораките на Мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ дека се почитува македонскиот културен идентитет и се гарантира  признавањето на македонскиот јазик беа отфрлени од мнозинството европарламентарци во Стразбур. На изјавата на бугарскиот европратеник  Јорданов, во која тој посочи дека треба …

Бугарските негирања не поминаа во Стразбур Read More »

Ковачевски во Прага повика на солидарност и соработка за да се надмине енергетската криза


  Премиерот Димитар Ковачевски во Прага во рамки на првиот состанок на Европската политичка заедница, учествува на лидерската тркалезна маса посветена на енергетиката и економијата. Заедно со премиерот Ковачевски на истата дискусија присуствуваа и премиерот на Шпанија, Педро Санчез, премиерот на Холандија, Марк Руте, премиерката на Обединетото Кралство, Велика Британија и Ирска, Елизабет Трас, како …

Ковачевски во Прага повика на солидарност и соработка за да се надмине енергетската криза Read More »

Потребен е филтер за спречување на влез на корозивен капитал во земјава


  Македонија треба што поскоро да примени механизам со кој ќе овозможи во земјава да влегува капитал со интегритет, а ќе спречи инвестиции кои се потпираат на таканаррчен корозивен капитал, беше истакнато денс на конференцијата „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“. На конференцијата се провираа три публикации поврзани со процесот на евроинтеграција, но повеќе …

Потребен е филтер за спречување на влез на корозивен капитал во земјава Read More »

Лирман: Индустријализирана Германија ќе биде 100 отсто со зелена енергија, зошто да не може Македонија


  Државната министерка за Европа и за климатски промени, Ана Лирман,  престојува во Македонија за да ја поттурне зелената агенда во време кога цените на гасот, на јагленот и на струјата експлодираат и Македонија на сите страни бара помош за енергетската криза. Таа во кратко интервју за „Независен“ порача дека треба да се обезбеди правилна …

Лирман: Индустријализирана Германија ќе биде 100 отсто со зелена енергија, зошто да не може Македонија Read More »

Што да очекува Македонија од самитот на Макрон во Прага?


В четврток во Прага ќе се одржи првиот самит на лидерите на Европската политичка заедница – политичка креација на францускиот претседател Емануел Макрон која треба да отвори нов формат за соработка на ЕУ со земјите кои се на иста линија околу воената интервенција на Русија во Украина. Најавено е учество на 44 лидери, од кои …

Што да очекува Македонија од самитот на Макрон во Прага? Read More »

Мицкоски изложил „позиции“, Ковачевски ги сослушал, драмата околу средбата се издиша


  Многу врева за ништо. Или за малку. Пет-шест дена траеше медиумската драма околу наводните контакти на лидерот на опозицијата за набавување на поевтини енергенси за тешката зима што нѐ чека, за таа денеска да заврши со општи флоскули и издишани ветувања. Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, заедно со своите тимови кои се надлежни за …

Мицкоски изложил „позиции“, Ковачевски ги сослушал, драмата околу средбата се издиша Read More »

Македонската економија може да влезе во стагфлација, предупредува Светска банка


  Светска банка во најновиот есенски Економски извештај за Европа и Централна Азија, предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,1 отсто, додека во наредната растот на домашниот бруто-производ ќе изнесува 2,7 отсто, а во 2024 година 2,9 отсто. Сепак, Светска банка предупредува на можноста земјата да влезе во зоната на стагфлација, односно на …

Македонската економија може да влезе во стагфлација, предупредува Светска банка Read More »

Васало: Да учествуваше во расправи како овие за бугарските културни центри, ЕУ немаше да постои


Заменик-шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Џулијан Васало, изјави денес дека е срамота што има пари наменети за земјава, но поради немањето капацитет за апсорпција, не се целосно искористени. Претставувајќи ги фазите од преговарачкиот процес со ЕУ, тој рече дека помошта за земјата ќе продолжи преку ИПА 3 пакетот и дека на располагање ќе …

Васало: Да учествуваше во расправи како овие за бугарските културни центри, ЕУ немаше да постои Read More »

Зеленски потпиша декрет со кој нема да преговара со Путин


  Претседателот Володимир Зеленски потпиша декрет со кој формално се прогласува за „невозможна“ перспектива за какви било разговори во Украина со рускиот лидер Владимир Путин. Указот ги формализираше коментарите на Зеленски во петокот, откако рускиот претседател прогласи четири окупирани региони на Украина за дел од Русија. „Тој [Путин] не знае што е достоинство и чесност. …

Зеленски потпиша декрет со кој нема да преговара со Путин Read More »

Може ли враќањето на Борисов да го врати спорот со Македонија?


  Оживувањето на ГЕРБ на политиката сцена по вчерашните избори во Бугарија отвора дилема околу иднината на компромисот со кој  нашата држава треба да ги почне преговорите со Европската унија. Со оглед на тоа дека Бојко Борисов беше креаторот на кризата со Македонија и тој што ни го стави ветото во ЕУ, прашањето сега е …

Може ли враќањето на Борисов да го врати спорот со Македонија? Read More »

Ковачевски бара извинување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за „изнесените лаги“


  Премиерот Димитар Ковачавески денеска возврати на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ во наводната афера што тие ја нарекоа „Броило“ и побара извинување од партијата и нејзиниот лидер. Ковачевски рече дека ги има повлечено целосно финансиските удели во компанијата за соларна енергија „Пиксел груп“ и нема никакви обврски ниту интереси, ниту пак има некаква улога во нејзиното …

Ковачевски бара извинување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за „изнесените лаги“ Read More »

Украина напредува и на јужниот фронт, кај Херсон


  Украинските сили, според објавите во понеделникот, враќаат градови долж западниот брег на реката Днепар во јужна Украина, при што Москва беше принудена да отстапи територии долж втората голема линија на фронтот само неколку дена откако тврдеше дека ја анектираше. Размерите на украинското напредување не беа потврдени, при што Киев молчеше за ситуацијата во областа. …

Украина напредува и на јужниот фронт, кај Херсон Read More »

Бугарија во уште еден јазол по денешните избори


  Има еден јасен победник во Бугарија на денешните избори – ГЕРБ, но политичката сцена и натаму е раздробена без јасна перспектива како би можело да се направи регуларна поличка влада. Ниедна од , условно речено, спротивставените групации нема парламентарно мнозинство и нејасно е како би можело да се стигне до него. Работите, според првите …

Бугарија во уште еден јазол по денешните избори Read More »

Киплагат и Черотич победници на Скопскиот маратон


На осумнаесеттото издание на Виз Ер Скопски маратон, победник во машка конкуренција е Онесмус Киплимо Киплагат со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а пиедесталот го дополни Никола Илиевски со време од 02:43:28. Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши …

Киплагат и Черотич победници на Скопскиот маратон Read More »