Како супермаркет во Данска спречи да се купуваат по десет средства за дезинфекција


 

Покрај тоа што властите во државите ширум Европа велат дека граѓаните немаат потреба да купуваат многу прехранбени производи и средства за дезинфекција, луѓето и понатаму панично ги купуваат овие артикли.

Веќе со денови сме сведоци дека во супермаркетите доаѓа дури и до тепачки поради тоалетна хартија, а еден супермаркет во Данска се одлучи превентивно да делува за да спречи такви сцени.

Освен тоалетната најбарани се средствата за дезинфекција, па данскиот супермаркет дојде на генијална идеја да ги спречи купувачите да бидат алчни.

По социјалните мрежи се прошири фотографија на која едно шише со средство за дезинфекција на раце чини 5,5 евра. Но, доколку купувачот сака да купи уште едно или две шишиња, нив мора да ги плати по 134 евра. Па кој сака, нека повели.

https://twitter.com/_schuermann/status/1239294777452974080