Како изгледа кога војската ќе влезе во Капитол, првпат по Граѓанската војна


Денешното заседавање на Претставничкиот дом го следи огромно обезбедување, а припадниците на Националната гарда влегоа во Кпнгресот прв пат по Граѓанската војна во САД.

Зградата на Каптол е полна војници под полна воена опрема, а социјалните мрежи се полни со фотографии како војниците лежат на подот, некои спијат, некои гледаат во мобилните телефони.

Во Претставничкиот дом денеска почна дебатата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, кого демократите го обвинија дека со својот говор поттикнал бунт пред минатонеделните протести.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси се заблагодари на трупите на Националната гарда кои денеска го чуваат Капитол од потенцијалните напади додека претставниците гласаат за отповикување на Доналд Трамп.