Извештајот за потеклото на корона вирусот ќе биде објавен идната недела, имало политички притисоци
Кинескиот „Глобал тајмс“ објави интервју со Лианг Ваниан, шеф на кинескиот дел од тимот, кој ги посочи политичките притисоци што покажаа „огромно непочитување на работата на нашите научници“.
Лианг рече дека некои политичари и светски медиуми го исполитизираат научното истражување за потеклото на Ковид-19, без оглед на научните факти, за лична корист, „произволно и погрешно толкувајќи го научното знаење и извештаите на заедничкиот тим“.
Тој посочи дека и двете страни имале целосно отворена соработка за време на едномесечното истражување и дека „резултатите од заедничката студија претставуваат консензус на кинески и странски експерти“.
Тимот не откри случаи на Ковид-19 за време на истрагата во Кина пред 8 декември 2019 година, рече Лианг.