Израел: Електронска алка за оние во карантин
Израелскиот парламент го одобри законот кој наложува задолжително носење електронска алка за сите кои влегуваат во Израел, а кои се во карантин заради корона вирусот.
Новиот закон им наложува на луѓето во карантин дома да мора да носат електронска алка за следење за да се обезбеди почитување на прописите. Ако одбијат, мора да одат во карантин во државен хотел.
Спорното барање во средата го помина конечното гласање во Кнесетот со четири спрема еден, а само пет од 120 членови на парламентот гласаа за законот, Лритичарите, вклучително и еден опозициски застапник, рекоа дека со тоа се крши приватноста на поединецот.
Истовремено, Врховниот суд во земјата укина низа мерки со кои се ограничува влезот и излезот на израелските државјани од земјата, велејќи дека тие офраничувања се незаконски, пренесе АП:
Прописите со кои се ограничува бројот на луѓе кои дневно влегуваат во земјата е 3.000 и со нив се бара невакцинираните да добијат одобрение од одборот за напуштање на земјата, истекуваат во сабота и не можат да се обноват, пренесе Кликс.ба.