Иранец со секира и нож држел 15 лица како заложници во воз во Швајцарија. Убиен е!


Швајцарската полиција соопшти дека 32-годишен ирански барател на азил вооружен со секира и нож држел 15 лица како заложници во воз меѓу Баулмес и Ивердон-ле-Бен речиси четири часа додека полицијата упаднала во возот во четвртокот вечерта и го убила.

„Сите заложници се ослободени неповредени. Во интервенцијата напаѓачот е смртно ранет“, соопшти полицијата во кантонот Во.

Мотивот непознат
Полицијата не соопштува повеќе детали за можните мотиви на сторителите.

Заложничките ситуации во Швајцарија се многу ретки, а кога ќе се случат најчесто се поврзани со банки и компании. Во јануари 2022 година, вработени во компанија за часовници беа земени како заложници и принудени да отворат сеф со благородни метали.