Иран реагира: Ако Трамп не сака војна со Техеран, треба да ги олесни санкциите
Советникот на иранскиот претседател Хасан Рохани, Хасамедин Ашена, денеска на Твитер објави дека ако американскиот претседател Доналд Трамп не сака војна со Техеран, треба да ги олесни санкциите.
– Војната и санкциите се две страни на ист медал, и ако не сакате војна, мора да направите нешто со санкциите, стои во пораката.
– Иран соодветно ќе одговори на чекорите на Вашингтон, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави на Твитер.
– Иранскиот народ одговара на дипломатијата со дипломатија, на почит со почит, а на агресија со агресија, нагласи тој.