Инфлацијата во Шпанија достигна рекорд невиден од 1992 година


МАДРИД, ШПАНИЈА Грст автомобили на улицата „Гран виа“. Половина од заболените лица во Шпанија се во Мадрид

Според податоците објавени  од страна на Шпанскиот статистички институт (INE), ноември го обележа највисокото ниво на инфлација од септември 1992 година, односно највисока стапка на инфлација во речиси 30 години. 

Инфлацијата во Шпанија во ноември годинава изнесуваше 5,6%, соборувајќи нов рекорд по оценката од 5,4% достигната во октомври.

 Институтот во понеделникот соопшти дека последниот пораст на инфлацијата главно се должи на значителното зголемување на цените на енергијата ширум светот, на нафтата и храната, како други главни двигатели. 

Инфлацијата достигнува рекордни нивоа и во Германија, водечка економска сила во ЕУ. Според последните податоци, инфлацијата на потрошувачките цени дополнително се зголемила во ноември и достигнала уште едно рекордно високо ниво,, зголемувајќи го притисокот врз Европската централна банка да реагира.

Потрошувачките цени, усогласени за да бидат споредливи со податоците за инфлацијата од другите земји на Европската унија, се зголемија за 6,0% на годишно ниво, по порастот од 4,6% во октомври, соопшти Федералната канцеларија за статистика. Ова е највисока стапка забележана од јануари 1997 година, кога започна серијата усогласена со ЕУ.