Инциденцата во Германија надмина 100, критична точка за заострување на мерките


 

Стапката на зараза во една недела во Германија ја надмина критичната точка која е фактор според кој Владата одредува дали ќе воведе построги мерки во борба против пандемијата.

Бројот на нови зарази на 100.000 жители во Германија минатата недела нарасна на 103,9, објави денеска Институтот „Роберт Кох“.

Пречекоривање на бројката од 100 често значи дека мерките против корона вирус, кои се ублажени на локално ниво, повторно се заоструваат.

Инциденцата преку 100 не значи нужно воведување нов мерки, но за тоа ќе се расправа следните денови.

Властите во Хамбург во петокот повторно воведоа построги мерки откако стапката на зараза за една недела надмина 100.

Националната инциденца над 100 првенствено е од симболично значење во овој момент и не значи автоматски нови мерки за цела Германија.