Илон Маск стана татко по 12. пат


Американскиот милијардер, основач на Tesla и Space X, Илон Маск стана татко на 52-годишна возраст по 12-ти пат. Ова го објави Блумберг, повикувајќи се на анонимни извори.

Соговорниците рекоа дека 12-тото дете на бизнисменот е родено во почетокот на 2024 година. Мајка на детето, како што истакнува Блумберг, е Шивон Зилис, директорка на специјални проекти во Neuralink, компанја кој е во сопственост на Илон Маск. Блумберг нагласува дека ниту Маск ниту Зилис не го коментирале раѓањето на нивното трето дете.