Хотелите мака мачат со мемоарите на принцот Хари


Фото: Б. Грданоски

Популарните туристички дестинации се преполни со фрлени копии од мемоарите на принцот Хари „Резерва“, кои луѓето дури и ги фрлаат во ѓубре.

Мемоарите на принцот Хари „Резерва“ половина година по објавувањето доживеа голем неуспех и беше прогласена за најотфрлена книга на летото.

Иако книгата беше прогласена за бестселер уште во првата недела од објавувањето и дури беше запишана во Гинисовата книга на рекорди, со милиони продадени примероци, незадоволните клиенти сега масовно ја напуштаат во хотелите и одморалиштата низ Европа.

Популарните туристички дестинации, како Шпанија, Турција и Грција, се преполни со фрлени копии од мемоарите на принцот, а туристите ги оставаат покрај базенот, на рецепција, во собите, па дури и ги фрлаат во ѓубре, пишува Дејли Мејл.

Мемоарите на принцот дури почнаа да им предизвикуваат главоболки на рестораните кои не можат да се ослободат од нив бидејќи не сакаат да ги примат ниту во локалните книжарници, па многу хотели се обидуваат да им ги вратат на сопствениците кои ги оставиле.

„Никогаш не сме биле сведоци на вакво нешто… Ги молам хотелиерите да престанат да ги праќаат, во спротивно никогаш нема да се ослободам од нив“, вели еден вработен во позната туристичка агенција.

Во книгата Хари безрезервно зборува за својот живот и растењето во кралското семејство, се навраќа на најтешките моменти во неговиот живот, загубата на мајка му принцезата Дијана, борбата со дрогата, ја спомнува лошиот однос со неговиот брат Вилијам и пишува за средбата со Меган Маркл и преселбата во Америка, а исто така упатува сериозни обвинувања против неговиот татко Вилијам, Чарлс и братот Вилијам.