Хаос во Италија: Во тек е евакуација, има мртви (фото/видео)


Додека централно-северните региони на Италија се борат со грмотевици и град, Сицилија се уште е погодена од африканските горештини, а високите температури предизвикуваат пожари.

Повторно најтешко беше на подрачјето на Палермо, кое пред два месеци се гасеше со пожари кои предизвикаа големи штети. Во петокот попладне, зградата 18 од универзитетскиот кампус во главниот град на Сицилија беше евакуирана.

Пожарот се приближил до зградата во која се наоѓа Хемиско-физичкиот факултет, а на студентите и професорите им било наредено веднаш да ја напуштат. Во петокот вечерта беше евакуиран хотел во градот Чефалу на Сицилија. Околу 750 гости на хотелот беа префрлени во салите.

За жал, во петокот беа пријавени и две жртви. Жена била пронајдена мртва во канал во близина на автопатот. Се верува дека таа отишла во областа за да ги ослободи коњите од нејзината штала. Еден човек загина во Трапета при евакуација на некои куќи зафатени од пожарот.

Жителите на предградието Бранкачо поминаа уште една непроспиена ноќ на покривите на своите куќи, како што веќе направија во јули кога и оваа област беше зафатена од шумски пожари, пренесува Анса.

Училиштата во градот Гратери се затворени, а локалниот градоначалник Џузепе Муфолето ги повика жителите да преземат мерки на претпазливост во случај пожарот да се прошири. Канадски авиони интервенираа за да спречат ширење на пожарот во областа Палермо. Пожарот ја зафатил областа од Гратери до одморалиштето Чефалу. Пожарот ги зафатил и областите околу Месина и Трапани, пренесе Ало.