Халк банка обвинета во САД за измама


Федералниот суд во Менхетен ја обвини државната турска Халк банка за измама, перење пари и санкции за казни поврзани со учеството на банката во мултимилионска шема за избегнување на санкциите на САД за Иран, се вели во соопштението од вторникот на американското министерство за правда.

Судскиот процес против поранешниот извршен директор на Халк банка, Мехмет Хакан Атила, во јануари 2018 година го илустрираше учеството на високото раководство на банката во „дрската шема за заобиколување на иранскиот режим на санкции на нашата нација“, велат од министерството.

„Ова обвинение претставува дополнителен чекор што не придонесува позитивно за сегашната состојба на американските односи со Турција“, рече неименуван турски претставник за Ројтерс.

Официјалните претставници на турската влада ги поддржаа и ги заштитуваа дејствијата на банката, при што примаа милиони долари мито, стои во обвинението. Тоа предизвика низа реакции во социјалните медиуми.

Првиот резултат од ова обвинение е што акциите на Халк банка вчера веднаш паднаа за седум отсто и покрај забраната за продажба.

Објавувањето од американските обвинители се случи еден ден откако Вашингтон воведе санкции врз турските власти, ги зголеми тарифите и ги стопираше трговските разговори во обид да ја убеди Анкара да го запре упад против курдската милиција во северна Сирија.

Пред да се отворат турските пазари, властите забранија кратка продажба на седум големи акции на турската банка, вклучително и Халк банка.

Случајот против Халк банка следува од претходното кривично дело кое излезе на виделина во 2016 година против турско-иранскиот трговец со злато, Реза Зараб, кој беше обвинет дека играл централна улога во шемата за затајување санкции.

Мехмет Хакан Атила, поранешен заменик-генерален директор на Халк банка, беше уапсен во Њујорк следната година и подоцна беше осуден на 32 месеци затвор. Тој се врати во Турција во јули откако ја издржа казната. (Ројтерс)