Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени по Рихтер во Австрија – одронети карпи


Австрија синоќа беше потресена од земјотрес со магнитуда од 4,5 степени, со епицентар во областа Семеринг. Тресењето предизвика помала материјална штета и одрони на карпи, а беше почувствувано во делови од Австрија и Словенија. Австриските служби добија голем број пријави од граѓани.

EMSC објави дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од четири километри, а австриската геолошка служба Geosphere Austria објави голем број пријави од граѓани од источниот дел на Долна Австрија и Штаерска. Словенечката агенција за животна средина Arso, исто така, извести за земјотресот.

Не е пријавена поголема материјална штета, а пожарникарите мораа да интервенираат на патот помеѓу Шотвен и Брајтенштајн, каде што карпи паднаа на патот.