Гори францускиот туристички бисер, масовни евакуации
Кап Ферет, популарното летувалиште на атлантскиот брег е целосно во пламен. Но не само таму, гори и на десетици други места во Франција
Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Ферет, еден од најпознатите крајбрежни одморалишта во Франција на југозападниот брег, бидејќи стотици луѓе ја напуштија областа со бродови поради голем пожар што се шири на популарната туристичка дестинација на атлнатскито брег.
Софи Брокас, францускиот регионален претставник за Жиронда, нареди последната фаза од евакуацијата рано утрово. На жителите им беше кажано да ја напуштат областа преку главниот пат до Бордо, додека за другите беа обезбедени бродови од четири пристаништа помеѓу 7 и 10 часот по локално време.
Илјадници луѓе беа принудени да го напуштат полуостровот, популарна туристичка дестинација, по одлуката за евакуација на целиот полуостров.
Пожарот, кој избувна во градот Соумос во југозападна Франција во вторник, продолжи да се шири во последните денови, горејќи 8.700 хектари.
Двајца пожарникари загинаа во вторникот борејќи се со пожар во близина на аеродромот во Бордо, а официјалните лица утрово објавија дека нема нови повредени.
Околу 800 пожарникари и четири авиони со водени бомби се бореа со пожарот во Жиронда северно од заливот Аркашон, но пожарот, кој започна во средата во близина на селото Сомос, на 40 км од Бордо, сè уште не беше стабилизиран.

Бројни патишта во областа, вклучувајќи ги и оние што водат до Кап Ферет – популарен кај француските и меѓународните туристи и дом на вилите на многу познати личности и милионери – беа затворени за секаков освен за неопходниот сообраќај. Осумдесет куќи изгореа.
Втор пожар што беснееше во регионот, подалеку на југ во близина на популарното одморалиште Бискарос, исто така изгоре повеќе од 2.500 хектари, изјави во петок префектот на Ландес, Жил Клаврол, и доведе до евакуација на околу 23.000 луѓе.
Повеќе од 600 пожарникари се борат да го локализираат пожарот, рече Клаврол. „Фронтот на пожарот изгледа многу лошо“, додаде тој. „Има многу нови пожари пред главниот пожар. Ситуацијата е многу динамична и неповолна“.
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека ситуацијата со пожарите во земјата е „многу напната“, конкретно споменувајќи го регионот Жиронда.
Макрон рече дека побарал помош од Европската унија, додавајќи дека наскоро ќе пристигнат авиони од Хрватска, Португалија, Чешка и Словачка за да ѝ помогнат на земјата.
Три последователни топлотни бранови низ Европа ова лето ја интензивираа сушата, ги намалија резервите на вода и ја исушија вегетацијата, помагајќи шумските пожари да уништат повеќе земјиште оваа година од годишниот просек во последните две децении, објавува Ројтерс.
Франција е особено тешко погодена, а интензивната топлина го зголемува притисокот врз нејзините обиди да се справи со ситуацијата.
„Нашите безбедносни сили се во вистинска борба против шумските пожари“, изјави министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез во четврток вечерта.
„Нацијата е со вас“, им рече тој.
Притисокот врз пожарникарите во југозападна Франција беше зголемен од втор пожар што избувна во четврток попладне во близина на Бискарос, само 40 километри јужно од Кап Ферет.
Пожарот, кој сè уште е надвор од контрола, уништи 2.500 хектари, изјави Жил Клаврел, префект на департманот Ланд, во соопштението.
„Ветришта дуваат и ситуацијата останува многу динамична и неповолна“, рече тој.
Бруталната жештина, бидејќи климатските промени предизвикуваат почести и екстремни временски настани – предизвикувајќи илјадници дополнителни смртни случаи, испарувајќи ја почвата и поттикнувајќи пожари – исто така ја натера Шпанија да прогласи национална вонредна состојба, а пожарите горат надвор од контрола.