Големо истражување во 24 земји: Еден лидер е убедливо најнепопуларен


Фото: Лудовик Марин АФП

Глобалното истражување во 24 демократски земји покажа екстремно ниска поддршка за еден од водечките европски лидери, со високо ниво на незадоволство, при што политичарите од Азија и Централна Европа се на врвот на листата

Германскиот канцелар Фридрих Мерц има најниско ниво на поддршка меѓу 24 демократски избрани светски лидери, според истражувањето на американскиот институт за анкети Morning Consult.

Само 19 проценти од Германците изјавиле дека се задоволни од неговата работа, објавува Euronews.

Францускиот претседател Емануел Макрон е на претпоследно место со 18 проценти поддршка и 75 проценти од испитаниците незадоволни.

Мерц, сепак, забележа највисока стапка на незадоволство, 76 проценти, додека 19 проценти од испитаниците биле задоволни од неговата работа. Анкета спроведена од агенцијата Форса за RTL даде слични резултати, според кои 78 проценти од испитаниците биле незадоволни, а 20 проценти биле задоволни од работата на канцеларот.

Манфред Гилнер, директор на агенцијата Форса, за Euronews изјави дека Мерц „веќе бил еден од најнепопуларните политичари во Германија на почетокот на 2000-тите“.

Тој додаде дека неговата популарност не се зголемила дури ни по неговото враќање во политиката и дека постојат „големи резерви“ за него, особено кај жените, младите и жителите на Источна Германија.

Според Херман Бинкерт од Институтот Инса, причините за незадоволството вклучуваат неисполнети изборни ветувања и негативни економски трендови.

„Ниту конзервативните ниту прогресивните гласачи не се задоволни од политиките на владејачката коалиција“, рече тој.

Трамп не е меѓу најлошите
На средина од скалата е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со 36 проценти поддршка и 50 проценти незадоволство. Се забележува дека начинот на кој е спроведена анкетата во Турција е нејасен, а некои експерти повеќе не ја сметаат земјата за целосна демократија.

Американскиот претседател Доналд Трамп е малку над него со 38 проценти поддршка и 57 проценти незадоволство. Анкета на списанието „Економист“ покажа слични резултати.

На средината на скалата се и шпанскиот премиер Педро Санчез (38 проценти „за“, 57 проценти „против“, италијанската премиерка Џорџија Мелони (39 наспроти 55) и аргентинскиот претседател Хавиер Миел (48 наспроти 49).

Гулнер истакнува дека Германците генерално не се поскептични кон политичкото лидерство од другите нации, но тоа незадоволство е конкретно поврзано со Мерц.

Според анкетите, Мерц сега е помалку популарен од поранешниот канцелар Олаф Шолц, кој имаше 28 проценти поддршка во неговиот најлош период.

Меѓу анализираните лидери, индискиот премиер Нарендра Моди има најголема поддршка (70 проценти), по него следува јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг (63 проценти), додека чешкиот премиер Андреј Бабиш е трет со 55 проценти поддршка.

Истражувањето на „Морнинг консалт“ се базира на анкети на возрасни испитаници во секоја земја и покажува седумдневен просек на ставови.