Голем пожар во дом за стари и изнемоштени лица во Њујорк


 Голем пожар изби рано изутринава во дом за стари и изнемоштени лица во округот Рокленд во Њујорк, чии штитеници се евакуирани.

Пожарот изби еден час и 40 минути по полноќ по локално време, а засега нема податоци за повредени лица во несреќата.

На видео снимки, кои се појавија на социјалните мрежи и во медиумите, се гледа голем пожар и густ чад, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат.