(Фотогалерија) 2021: Година на катастрофи, пандемија и очај


Некои велат дека човештвото  ќе заврши во пламен, напиша поетот Роберт Фрост. Во поголемиот дел од 2021 година, фоторепортерите  на агенцијата Асошиетед прес снимаа токму  таква  атмосфера како пред пропаст. 

Премногу пожари, премногу топлина, премногу жртви. На фотографијата погоре сцена од пожарите во Калифорнија кои девастираа огромна територија и (подолу )од Индијец  кој бега од огнот во кој горат жртвите од ковид . На Ла Палма на Канарските Острови, вулканот Камбре Виеја разјот го претвори во пекол со повеќе од 10.000 милиони кубни метри исфрлен пепел.

Во САД, столбот на демократијата досега во светот, полицајци вперија пиштоли во политички екстремисти и  бунтовници кои се обидуваа да упаднат во Конгресот за да спроведат државен удар.

Тука се и мачните слики од бескрајното насилство врз  Палестина во кое страдаат многу  деца. Стоичките Палестинци на една од фотографиите го носат телото на детето кое загина во израелски воздушен напад во Газа.

Печат на годината сепак даде пандемијата со Ковид 19 од која умреа милиони луѓе, милијарди се вакцинираа, а крајот не се гледа. Се случуваа безброј човечки драми, деца останаа без родители, стари родители  не можеа да се видат со своите синови и ќерки…На една од фотографиите подолу дете ја гушка перницата со ликот на својот умрен татко од ковид. 

Се овековечија и многу еколошки катастрофи – цело езеро се исуши во Колумбија, езеро во Србија стана светски познато  поради  стравичната  загаденост со пластични шишиња, а во Германија воз минува низ територија поплавена како резултат на климатскте промени. 

Годината беше среќна само за Талибанците кои се вратија на власт, а фотографијата е доказ за цивилизацискиот срам, откако Авганистан беше препуштен на најсуровиот режим на планетата. Претпоследната фотографија  ја покажува прославата на 100-годишнината на кинеската КП, а последната   –  бегалец од Африка кој по долго пловење се фрла во прегратка на спасувачка од Шпанија.