(Фото) Уапсиле бабичка на нејзиниот 100-ти роденден

Една бабичка во САД ќе го прослави својот роденден во затворска ќелија.

Полицајците дошле во старечки дом во Северна Каролина и ја уапсиле Рут Брајант на нејзиниот стотти роденден.

Место да јаде торта со своите другарки пензионерки, бабичката е одведена во затвор со лисици на рацете, пренесе Њујорк Пост.

Но, се покажало дека ова всушност било шега, затоа што Брајант отсекогаш сакала да биде уапсена и на нејзиниот роденден ѝ ја исполниле желбата. Дека се работи за шега говори и фактот што како кривично дело за кое се товари се наведува егзибиционизам во противпожарна станица.

Откако полицијата ја однела бабичката со лисици на рацете и со полициско возило, во станицата ѝ отвориле досие со фотографии и со земање отисоци од прстите. Потоа таа е вратена во старечкиот дом каде го прославила роденденот со пријателите.