(Фото) Москва прекриена со 59 см снег, градот се чисти со денови

Околу 70.000 работници во неделата ги чистеа улиците на Москва, главниот град на Русија, каде падна рекордна количина снег.
Чистењето на учиците ќе трае пет дена, наведе заменик градоначалникот на Москва, Пјотр Бирјуков.
Многу возачи заглавија во сообраќајот поради метежот што се створи поради временските неприлики.
Откажани или одложени се 80 летови од трите московски аеродроми.
Неколку покриви паднаа под тежината на снегот, наведоа службите за управување со катастрофи. Потврдени се и два смртни случаи.
До неделата утрото во Москва имаше 59 сантиметри снег, објави Интерфакс, повикувајќи се на метеоролошките служби.
Олку снег во москва не паднал од 1956 година, кога имало 60 см.
Метеоролозите предвидуваат дека следните денови нема да паѓа дополнителен снег.